Забоболката може да биде многу силна. Оние кои се плашат од стоматолог го одложуваат одењето кај него, па ја трпат болката или се трујат со таблети против болки. Додека не се решите да заминете на стоматолог, испробајте го овој природен лек против забоболка, со кој во Индија редовно се служат.

Кај нас каранфилчето е познато како зачин кој се додава во варено вино или во колачи, додека во Индија се користи за приготвување јадења кои потешко се варат и против забоболка.

Штом почувствувате забоболка или болка на напцата, ставете каранфилче на болното место и загризете. Држете го така 15 минути до половина час. Болката ќе почне да с енамалува постепено, а потоа сосема ќе исчезне. Кога се работи за силна забоболка, користете масло од каранфилче, кое делува како анестетик. По ставањето на каранфилчето на болното место (на непцата над или под болниот заб, втријте малку масло од каранфилче на местото) – болката ќе се смири во рекорден рок, исто како кога на стоматолог ќе добиете анестезија.

Освен анестетичко дејство, маслото од каранфиче делува противвоспалително, па ја ублажува и причината за болката.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина