Мечкина шепа
Мечкината шепа (лат. Heracleum sphondylium), мечкина дланка или стапалка се имиња на реткото растение. Името го има добиено по обликот на листовите, кои потсетуваат на шепи од мечка. Како грместо растение успева и на влажни ливади, покрај потоци и патишта, веднаш покрај работ на шума. Расте во Европа и во Азија, малкумина знаат за него. Мириса полесно од целерот, па многу често се користи како зачин во салати и супи. Растението содржи аргиин, глутамин, арабен, холин, стерол, кумарински хетерозиди, белковини, масти, јагленохидрати, витамин Ц и каротин, а хранлива вредност има само 50 калорииja.
Стебленцето му е шупливо, може да нарасте и до еден метар, има горчлив вкус и п мирис потсетува на морков. Плодовите му се налик на ким, малку покрупни, содржат изобилство од етерични масла и исто така може да се користат како зачин. За лековити цели се користи коренот и надземниот дел од растението, кои во лето се собираат додека тој цвета.
Чајот е исклучително ефикасен во лекувањето на простата и друго тегоби на урогениталниот тракт. Во однос на другите чаеви се разликува по тоа што силно ја јакне потенцијата, па многу често е на водечко место во ,,машките чаеви,, Мечкината шепа официјално е и еден од најдобрите афродизијаци. Клиничките истражувања имаат потврдено дека го поттикнува апетитот кај децата и возасните, го регулира варењето и го намалува високиот крвен притисок. Кај хипртензија делува постепено и долго, без последици да има на срцевиот мускул. Исто така, ги шири периферните крвни садови, го поттикнува исфрлањето на течностите од организмот и ја намалува уреата во крвта.
Како народен лек се препорачува против дијареа проследена со грчеви и кај катар на цревата. Облоги со иситнети листови и корен се ставаат на чиреви на кожата и на места каснати од инсекти. Коренот се препорачува и за лекување на епилепсија.
Чаеви
Епилепсија
Потопете 12 лажици иситнет корен од мечкина шепа во 4 дл. Млака вода и оставете ги да отстојат осум часа. Потоа процедете го и пијте го во мали голтки во текот на денот.
Импотенција
Една супена лажица од растението се прелева сп 2 дл врела вода. Се остава да отстои 30 минути, се поцедува и се пие незасладен во текот на денотe
За подобро варење
Една супена лажица се прелива со 2,5 дл. врела вода и се остава чајот да отстои пет минути. Потоа се процедува и се пие два пати дневно по еден филџан, по оброк.


