Чудесниот чај од ореви
Чајот од ореов лист се додава во вода и така се добива бања која помага кога се работи за претерано потење на нозете, гноен осип или кандида.
Како додаток во водата оревот се користи и кога се работи за костоболка, скрофулоза и рахитис. Красти на главата, инфекции или чиреви на кожата се плакнат со чај од ореов лист. Овој чај се користи и за плакнење на устата и грлото кај сите видови заболувања на овие органи. Против опаѓање на косата се препорачува декокт од ореов лист, кој треба почесто да се втрива во кожата на косматиот дел од главата.
Чај од ореви
Една полна лажичка од ситно исецкани листови од ореви се прелева со 250 мл. врела вода и да се остави кратко време.
Дијареја, нарушена цревна флора:
10 грама сушени листови од орев се ставаат во 1 литар врела вода и се остава да отстои 15 минути. Се пијат 3 до 5 шолји на ден.
За надворешна употреба – Претерано потење на нозете:
Два грста суви листови од орев или лушпи од орев се ставаат во 2 литри вода. Се остава да врие 15 минути. Кога ќе се олади, се процедува. Секој ден овој чај треба да се додава во водата во која ги миете нозете.
За жабуркање на усната шуплина и грлото во случај на стоматитис (воспаление на слузокожата на усната шуплина):
Подгответе декокт од 15 грама листови со 200 мл. вода.


