Секој знае дека извајаните стомачните мускули асоцираат на здравје, добра форма, сексуална привлечност … Меѓутоа, кога ќе дојде ред за нивно “оформување” и работа на истите тие популарни плочки, тогаш на ред доаѓаат разни оправдувања, како што генетиката, работата, апетитот, пивото и така натаму.

Вистина е дека стомачните мускули бараат поинаков пристап и дека нивното оформување е одредено од повеќе фактори. Заради тоа, неопходно е да се применат шест едноставни чекори кои претставуваат добитна комбинација, а што секако резултира до конечното појавување на посакуваните “плочки”.

Поквалитетен сон

Звучи чудно, но истражувањето во кое учествувале повеќе од 68.000 луѓе, јасно покажало дека луѓето кои спијат пет часа дневно или помалку, тежат околу  2,5 килограми повеќе отколку луѓето кои спијат за време на препорачаните седум часа или повеќе. Причината е еден доста логичен факт, а тоа е дека луѓето кои спијат пократко во просек во текот на денот внесуваат околу 220 калории повеќе од оние кои спијат нормален број на часови во текот на ноќта.

Чести тренинзи

Доколку вежбачите се фокусираат само  на кардио вежби треба да бидат свесни за тоа дека калориите се трошат и мастите се топат само за време на вежбањето, додека вежбањето со оптоварување овозможува согорување на калории и неколку часови после тренингот. Колку почесто се тренира, односно колку повеќе пати во текот на неделата се вежба и резултатите ќе бидат подобри. Сепак, не треба да се заборави ниту на деновите за одмор за да се избегне катаболизам.

six-pack_2

 

Подигање поголеми тежини

Вежбањето со поголеми тежини не само што го принудува телото да топи повеќе калории, туку го забрзува и “метаболизмот на спиење” за околу 8 отсто. Значи повторно станува збор за фактот дека вежбањето со (поголеми) тежини овозможува топење на калории, а со самото тоа и на масни наслаги, дури и додека спиеме. Пресметано е дека оваа мала промена носи намалување на масните наслаги од преку 2 килограми на годишно ниво.

Почести оброци

За намалување на масните наслаги потребно е да се јаде почесто, и тоа 5 до 6 пати дневно. Најкраткото објаснување е тоа дека за варењето на храната е потребна енергија, така што распределувањето на оброците на повеќе помали порции го одржува вашиот метаболизам на постојано добро ниво. Секако, освен што треба да се јаде повеќе пати дневно, многу поважно е тоа што треба да се води сметка за тоа да се изберат здрави намирници. Консумирањето  на  едноставни јаглехидрати и заситени масти треба да се сведе на минимум, а дури потоа да се направи правилен распоред на што е можно помали оброци.

 

Полнење со протеини

Секој пат кога ќе се консумира храна која не содржи протеини,  организмот практично заклучува дека нема да биде потребно понатамошно согорување на калории, а еве и зошто: Протеините го контролираат нивото на шеќер во крвта, го одржуваат чувството на ситост и го намалуваат чувството на глад и предизвикуваат поголемо согорување на калории за време на варењето на храната. Заради сето тоа, јаглехидратите не би требало да се внесуваат во организмот кога се веќе работи на намалување на масните наслаги, туку секогаш би требало да се внесува некоја комбинација со протеини, без разлика дали тоа е риба, пилешко месо, црвено месо, сирење или пак само рака бадеми.

Попаметен избор за ужинки

Иако бројот на главни оброци во текот на денот не е важен, се додека се внесува дневниот планиран број на калории во организмот, бројот и количината на ужинките е многу важна. Проблемот со ужините е тоа што ретко кој ги пресметува и дополнителните и попатни залчиња во текот на денот, па така во организмот неретко се внесуваат и до 500 калории во текот на денот, што за само една недела може да создаде половина килограм несакани маснотии. Затоа треба однапред да се испланираат ужинките и на тој начин да се избегнат лошите, нездравите и високо калоричните намирници.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.