7 начини како побрзо да заспиете
Дали спиете доволно? Во случај да не сте слушнале, доволното спиење од најмалку осум часа има големи бенефити и врз телото и врз умот. Тоа го подобрува расположението, ги зајакнува способностите за донесување одлуки, па дури и ја подобрува меморијата. Без доволно сон ризикуваме да се претвориме во залуден зомби следното утро. Вистината е дека најголем дел од нас не спијат доволно. Наместо тоа, завршуваме со неколку испиени кафиња во текот на денот, се со цел да надоместиме за недоволното спиење. Не е баш зрав начин на живеење.
Што му стои на патот на доброто спиење? Зафатени сме со завршување некоја обврска, седиме пред компјутерот и ги прелистуваме омилените веб страници, го гледаме омиленото ТВ-шоу и, пред да станеме свесни, дошло полноќ. А, што е најлошо, уште не се чувствуваме уморни. Еве некои трикови кои брзо ќе ве однесат во кревет.
1. Легнете си со мокра коса
Легнувањето со мокра коса, која претходно ќе ја средите, ќе ви даде ем убава фризура следното утро, но и добар сон. Соберете ја во кок или сплетете плетенки.
2. Вложете во свилена навлака за перница
Ако сакате повеќе да се наспиете и да бидете одморни следното утро и подготвени за работните обврски, купете си свилена навлака за перницата. Мазната површина на свилата брзо ќе ве заспие и ќе потонете во светот на соништата.
3. Направете си топла бања
Но, не каква било бања. Ставете во водата малку сол за капење со мирис на лаванда и легнете во прекрасната пена. Мирисот на лаванда има смирувачки ефект, кој ќе ви помогне брзо да заспиете. Одењето од запарената бања во постудената спална соба, односно промената на вашата телесна температура, ќе ви помогне многу брзо да потонете во длабок сон.
4. Исклучете ги сите уреди
Ова важи дури и за вашиот омилен таблет. Ако сте сериозни во поглед на вашето заспивање и сакате навистина да заспиете, мора да ги исклучите сите електронски апарати, вклучувајќи го и мобилниот телефон. Синото светло од овие уреди го уништува вашето природно производство на мелатонин, хормонот кој го регулира спиењето.
5. Легнувајте си секоја вечер во исто време
Можеби не сте знаеле, но вашето тело има свој часовник. Ако еднаш си легнувате во 11.00 навечер, а потоа следната вечер во 02.00 часот по полноќ, ризикувате да го расипете непоправливо овој часовник – што значи дека ако се обидете еднаш да си легнете во 22.00 часот, бидете сигурни дека ќе имате проблем да заспиете.
6. Прескокнувајте да јадете грицки или да пиете навечер
Кога телото вари еден оброк, тоа го забрзува дигестивниот систем, а тоа може да ве разбуди, дури и ако сте цврсто заспани. Згора на се, алкохолот испиен навечер влијае врз функциите на мозокот и тоа ќе ве попречи да имате мирен и одморен сон кој толку многу му е потребе на вашето тело.
7. Не бројте овци
Најдобро е наместо овци да почнете од еден број, на пример 100, и да броите наназад во интервали од по три се до 1. Звучи лудо, но помага да се заспие многу брзо.


