Дали оцетот е нова супер храна?
Стручњаците препорачуваат да се користи домашен, јаболков или вински оцет. Но, дали тој може да се смета за нова супер храна? Од помошно средство за губење на вишокот килограми, преку избелувач на забите до спречување на стомачни проблеми, оцетот едноставно има исцелувачка моќ за која не сме ни свесни.
Оцетот е еден од најлековитите дарови на природата за човештвото, а тоа го докажува и неговата илјадагодишна употреба. Еден од најпознатите видови е јаболковиот оцет, освен калиум, јаболковиот оцет во себе ги содржи и следниве минерали: железо, натриум, силициум, калциум, сулфур, магнезиум, калциум, хлор, фосфос и флуориди. Разреден или неразреден, јаболковиот оцет се употребува и како лековит напиток, средство за миење, за масажа, за облоги. Се смета дека во лекувањето се користи најмалку 10.000 години, а самиот татко на медицината, Хипокрит, го припишувал како лековит еликсир. Од дамнина народите го употребувале како конзерванс, дезодоранс, тоник за виталност, сила, за дезинфекција и за заздравување на рани. Во својот состав ги содржи и витамините Ц, Е, А, Б1, Б2, Б6, бета-каротен, биофлавоноиди, пектин, јаболкова и оцетна киселина.
Можностите за употреба на оцетот се разновидни – составен дел е од многу салати и јадења, се користи при подготовка на зимници, но и за чистење. Институтот за прехранбена технологија (ИФТ) објавил известување во магазинот Journal of Food Science, во кое се вели дека одредени видови оцет можат да имаат значајни здраствени бенефиции. Според наведеното во натписот, оцетот е богат со антиоксиданси, кои можат да го забават процесот на стареењето, па дури и развојот на одредени видови рак и дегенеративни промени во мозокот.
Авторите на ова известување ги наведуваат и антибактериските својства на оцетот, неговата способност да ги намали ефектите на дијабетесот и неговиот придонес за кардиоваскуларното здравје и крвниот притисок. Оцетот им помага на атлетичарите да закрепнат по тешкиот физички напор, но и секојдневното консумирање на одреден вид оцет помага во намалувањето на апетитот.
Јапонските научници во неодамна завршената студија откриле дека кога на глувците им била давана храна со високо ниво на масти, но и оцет како додаток во исхраната, тие развиле околу 10% помалку телесни масти од оние глувци на кои им била давана само масна храна. Така тие дошле до заклучок дека оцетот декувал на генетско ниво, влијаејќи на гените поврзани со оксидацијата на масните киселини и согорувањето на протеините.
Оцетот го намалува и нивото на шеќер во крвта. Консумирањето на една лажица оцет може да го намали нивото на шеќер во крвта за дури 42%. Аминокиселините во јаболковиот оцет, пак делуваат како противотров. Ензимите и калиумот во него помагаат при намалување на заморот добиен при интензивен тренинг. Покрај тоа, одличен е во борбата со бактериски стомачни инфекции, благодарение на своите својства на антибиотик, а се користи и при болки во грлото и за избелување на забите.
Секако, сите овиенегови својства, предупредуваат од ИФТ, треба се уште да се истражуваат, со цел да се потврдат тврдењата за здравствените предности на оцетот.
Антиоксидативниот ефект што го има винскиот оцет, пак, кој во себе ги содржи пигментите феноли, полифеноли, антоцијан и др. од грозјето, е одличен извор на здравје. Како одлична намирница, оцетот помага и при топењето на мастите во организмот. Со своето антибактериско својство тој го чисти организмот и од наталожените отрови.
Во секој случај, оцетот треба да се консумира во умерени количини и, секако, да се консумира оној кој е со подобро потекло – домашен, јаболков, вински и миризлив или ароматизиран – балзамички оцет, а да се одбегнува алкохолниот.


