Целулитот без дилема е еден од најомразените непријатели на понежниот пол. Токму заради тоа, време е да претставиме некои од најголемите митови поврзани за целулитот, за да можете на вистински начин да се изборите со него.

Пред се, заблуда е дека целулитот се појавува само кај жени. Среќна околност за мажите е тоа што имаат малку повеќе т.н благодарна градба на поткожното ткиво, поради тоа што мрежастата структура на колегенските сврзни влакна не допушта влегување на сите вишок масти под кожата, додека од друга страна, пак, кај жените овие влакна се распоредени вертикално. Сепак, ни тоа не е гаранција дека кај мажите нема да се појави целулит, бидејќи и мажите се повеќе во последно време можат да се видат на анти-целулитни третмани.

Целулитот го уништува само здравата исхрана

Против целулитот можете да се борите со помош на здравата исхрана, на таков начин што ќе пробате да дејствувате превентивно и да ја намалите склоноста кон оваа незгодна појава на телото. Сепак, и покрај тоа што здравата исхрана е и повеќе од важна за вашето тело, таа нема да го уништи целулитот, а посебно тоа се однесува на додатоците во исхраната, кои сеуште не се докажале како ефикасни.

Физичката активност ќе помогне во елимирање на целулитот

Со редовно вежбање, може да ги намалите шансите да добиете целулит, но сепак, вежбањето директно не го уништува. Факт е тоа дека вежбањето топи масти, а со самото тоа се намалуваат и шансите за појава на вашиот непријател, баш како и тоа што со вежбањето се подобрува циркулацијата, која кога е слаба, претставува главен сојузник за формирање на целулит. Сепак, директно влијание на уништување на „кожата од портокал” нема, па се препорачува користење на антицелулитна крема после физичка активност, додека се подобрува циркулацијата на крв во телото.

 

celulit_naslovna

 

Со внесување на големи количини вода се намалува целулиот

И ова е еден од оние митови. Причина за тоа е тоа што на кожата не можете директно да влијате со внесување на големи количини вода, како и со тоа да со пиењето вода не можете да ги елиминирате роксините кои веќе настанале и го предизвикале настанувањето на целулитот.

Само дебелите луѓе имаат целулит

Овој проблем го имаат и слабите девојки. Поради поврзаноста со хормоналните пореметувања, експертите сметаат дека ова може да биде и генетски поврзан. Жените од исто семејство имаат сличен степен на целулит, без разлика на дебелината. Земете го ова во предвид за да можете да делувате превентивно на него.

Масажите го намалуваат целулитот

Концептот на масажи крие дел од вистината за целулитот. Обичните масажи нема да ви помогнат, но ендермолошката масажа која продира длабоко во кожата е од голема помош. Оваа механичка масажа ќе го опушти ткивото, ќе ја зголеми циркулацијата и ќе помогне при процесирањето на вишокот вода.