Ова не сте го знаеле! Цуцлата влијае на појавата на говорна маана
Штом ќе се роди, детето со себе го носи рефлексот на цицање. Цицањето му служи за хранење од дојката, а притоа и го смирува бебето на мајчините гради. Но, цуцлата не може да го снабди со хранливи материи, а сепак делува смирувачки. Од таа причина, на многу мајки им е полесно на детето да му дадат цуцла место дојка, посебно ако се сигурни дека во тој миг не му е потребна храна, туку нешто што ќе го смири.
Цуцлата се употребува за поттикнување и контролиање на рефлексот на доење. Историски гледано, цуцлата се сметала за многу корисна за здравјето, но затоа на почетокот на 20 век се создало силно движење на притивници за нејзината употреба, кои ја обвинувале за ширење на инфекции и создавање попустливо однесување. Веќе во втората половина на 20 век станала повторно популарна, потенцирана од детската индустрија, така што денес во западната цивилизација ја користат повеќе од 75% бебиња.
При давањето на цуцла, важно е задолжително да се одбере соодветен модел и соодветна големина. Сепак, стручњаците предупредуваат дека долгата употреба на цуцла може да доведе до деформација на вилицата и асиметрија на лицето исто како и долгото цицање на палецот или на цуцлата од шишенцето. Децата кои до деветтиот месец не се хранети со шишенце, имаат помала веројатност да развијат говорни маани. Родителите на истражувачите им дале информации за навиките на своите деца, вклучувајќи ги и информациите за цицање на палецот и користењето на цуцла во најраното детство, а по добиените информации истражувачите го анализирале развојот на говорот кај тие деца, како што пренесува списанието Pidietriks(Pediatrics).
Децата кои цицале прст или користеле цуцла за лажење подолго од три години, за три пати повеќе биле изложени на ризик да развијат говорни маани од своите врсници кои тоа не го правеле. Резултатите од ова истражување покажуваат дека цицањето на нешто друго, освен на мајчината дојка, може да има пресудна улога во развојот на говорот кај малите деца, тврди авторката на ова истражување, Кларита Барбос. Исто така, бројни стручњаци предупредуваат на можноста да се изместат забите од природната положба, што е уште еден чест проблем кој се јавува кај децата кои упорно и во текот на долг временски период го цицаат палецот или се хранат од шишенце.
Освен постепеното поместување на забите од лежиштето, посебно кај оние деца кои имаат ,,омилена,, страна за време на оваа активност може да дојде до деформација на вилицата и асиметрија на лицето. Поврзаноста на цицањето со палецот и користењето на цуцла во најраното детство со развојот на говорна маана ја потврдиле и чиленските истражувачи врз основа на скорешно спроведено истражување. Тие го спровеле истражувањето над повеќе од 128 деца на старосна возраст од три до пет години. Пред почеток на истражувањето, тие побарале од нивните родители информации за нивните навики. Потоа го анализирале развојот на нивниот говор и откриле дека оние деца кои до деветтиот месец не биле хранети со шише имале помала веројатност за развој на нарушување на говорот.
Сепак, добиените резултати треба внимателно да се гледаат, бидејќи на појавата на говорните маани влијаат и други фактори.


