Медитерански крекери
Состојки:
-
2 филџани кафеав лен
- 2 1/2 филџани вода
- 6 лажици сушени домати измиксани во прав
- ¼ кромид ситно исецкан или измиксан
-
1 лажичка сол или 2 лажици тамари сос
- 2 лажици лимонов сок
- 1 лажичка италијански или медитерански сушен зачин
- 2 чешниња лук, згмечени
Подготовка:
Ленот ставете го да отстои во вода 1 час. Потоа додадете му ги мелените суви домати, кромидот, сокот од лимонот, зачините и лукчето и добро измешајте ги. Смесата распределете ја во рерна и дехидрирајте ги 2 часа на 42 степени. Потоа исечете ги на саканите облици и продолжете да ги дехидрирате уште 6 часа, со тоа што ќе ги завртите и на другата страна и ќе продожите со дехидрирање уште 2 часа. Вака подготвените крекери можат да стојат во затворен сад еден месец.


