Грејпфрутот е вистинска бомба од витамини и минерали – содржи калциум, калиум, фосфор и изобилува со витамини А и Ц. Освен тоа, спречува инфекции и настинки, ги чисти цревата, што е доволна причина секогаш да се наоѓа на вашата трпеза. Покрај тоа, во себе содржи и пектин, кој го намалува холестеролот во крвта. Жолтиот грејпфрут има помалку витамин Ц во себе од розовиот и црвениот, кој штити од рак поради тоа што содржи флавоноиди – неутрализатори на супстанциите кои го поттикнуваат развојот на малигните клетки.

Националното американско здружение на хемичари го препорачува сокот од грејфрут како задолжителен дел од појадокот, бидејќи тој е одлично средство против карциномот на белите дробови и на дебелото црево. Сокот е богат со биофлавоноиди кои го подобруваат метаболизмот и го поттикнуваат процесот на слабеење, делуваат ефикасно на функциите на црниот дроб и ги јакнат артериите. Сокот од црвен грејп содржи ликопен и каротеноиди, кои имаат антитуморски својства и ги ублажуваат тегобите кај ревматски артритис, остеоартритис, а делуваат и рамнотежата на хематокритите во крвта. Новите сознанија за грејпфрутот потврдуваат дека овој плод е многу ефикасен во борбата против вирусите и бактериите, па се препорачува во терапијата против настинки и грип. Екстрактот од семките на грејфрутот се силно средство против околу 800 видови бактерии и околу 100 видови габи. Од цветот на грејпфрутот, пак, се подготвува есенција која лекува несоница, но и тегоби предизвикани од болестите на жолчката и срцето, додека екстрактот од листовите има противвоспалително дејство.

Грејпот ги чисти цревата и ја стабилизира цревната флора, а благодарение на посебната состојка нарингин, која му дава горчлив вкус на плодот, го забрзува варењето. Исто така, добар извор е на пантотенонската киселина (витамин Б5) која има клучна улога во производството на енергијата на клетките.

Студиите на германските научници укажуваат на тоа дека консумирањето на грејпфрутот помага во борбата против болестите на забното месо. Истражувањата покажале дека двата плода дневно го намалуваат ризикот од крварење на непцата. Веројатно нема да помислите дека ова овошје може да влијае врз одличната состојба на вашето срце. Ако секој ден јадеме по еден грејпфрут, “лошиот” ЛДЛ холестерол ќе го намалите за 15,5%, а триглицеридите за дури 27%, покажуваат бројните истражувања. Грејпфрутот со црвена боја е посебно здрав бидејќи има уште поголема количина на антиоксиданси. Сепак, имајте на ум дека може да го зголеми делувањето на некои лекови, па ако го пиете треба да се консултирате со доктор.

Покрај сето горенаведено, грејпфрутот е одличен и за слабеење! Оние кои ќе изедат половина грејп пред секој оброк, во просек ќе загубат околу 1,5 кг во текот на 3 месеци. Состојките во ова овошје помага во согорување на маснотиите и во стабилизацијата на шеќерот во крвта, што значи дека природно го убива апетитот. Со оглед на тоа што содржи многу влакна, подолго го држи организмот сит и нема потреба да се посега по грицки меѓу оброците.

А, тој не помага само внатре да се чувствувате одлично, помага и за надворешна убавина. Богатството од витамин Ц го прави неопходен за производството на здрав колаген, протеин кој го оддржува младешкиот изглед на кожата. Многу дерматолози поради тоа препорачуваат да се јаде по еден грејфрут дневно.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина