Гинекологот предупредува: 6 менструални проблеми кои не смеете да ги игнорирате
1) Изостанок на менструален циклус
Ако изостанат една или повеќе менструации (а сигурни сте дека не сте бремени), за тоа можат да бидат причина некои не толку добри работи. Причини за тоа можат да бидат: хормонален дисбаланс, проблеми со штитната жлезда, претерано вежбање или диети, стрес или прерана менопауза. Без редовна менструација може да дојде до раст на абнормални клетки (потенцијално претканцерогена состојба). Покрај класичниот преглед, вашиот гинеколог би можел да направи тест на крвта и да го провери нивото на хормони, работата на штитната жлезда и дали имате полицистични јајници (состојба која предизвикува повишено ниво на машки хормони).
2) Ненадејни и интензивни грчеви
Ако имате грчеви кои ви предизвикуваат неподнослива болка, можно е да патите од ендометриоза. Ендометриозата е состојба кога клетките кои растат во внатрешноста на матката, почнуваат да растат и од нејзината надворешна страна, што предизвикува ненормална болка. Симптомите можат да се појават во било кое време, а поголемиот број жени кај кои е дијагностицирана оваа состојба, имаат историја на болни менструации уште од младите денови.
3) Точкесто крварење
Доколку забележите точкесто крварење меѓу циклусите, тоа може да биде сосема нормално (посебно ако користите анти беби пилули), но сепак би требало да се консултирате со стручњак. Тоа може да значи дека имате циста на матката, фиброиди или претканцерогени клетки. А, може да имате и полипи. За нерегуларен циклус се смета пореметувањето на ритамот на менструалниот циклус кога крварењето не се одвива на 28 дена. Ако се случи еднаш, тоа може да се толерира, но секое следно повторување е причина за посета на гинекологот. Проблематично е крварењето меѓу циклусите и крварењето по сексуален однос.
4) Обилно крварење или циклус кој трае подолго од 10 дена
Што е всушност ,,обилно крварење,,? Во суштина, ако менувате влошки на секој час, тоа може да се нарече прекумерно крварење. Ова може да биде знак за мдеицински проблеми, како фиброиди, полипи и аденомиози (каде што ендометриското ткиво зарастува во мускулните ѕидови на матката), кои можат да предизвикаат анемија. Ваквата состојба бара итна докторска интервенција. Може да биде знак за миоми или хиперплазија.
5) Неподносливи ПМС симптоми
Ако се претворате во вистинско чудовиште пред менструацијата, тогаш најверојатно патите од предменструално дисфорично нарушување (ПМДД), кој е неспоредливо полош од класичниот ПМС. Симптомите вклучуваат неконтролирана желба за храна, промена на расположениео, депресии, голема анкциозност, бес и губење контрола над своето однесување. Овие симптоми можат да бидат многу непријатни, но земањето антидепресиви во текот на две недели до месец дена во континуитет, може да доведе до голема разлика.
6) “Полудени” хормони
Се покажало дека некои работи во текот на менструацијата можат во голема мера да се влошат. Ако патите од астма и ви се чини дека многу полошо се чувствувате една недела пред менструацијата, тоа веројатно не е случајност. Постои феномен наречен ,,предменструална магнификација“, каде што состојби како дијабетес, депресија и артритис се влошуваат за време на менструацијата. Разговарајте со доктор за лековите кои ќе треба да ги пиете пред менструацијата, а кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.



