Танцувајте, бидејќи е здраво
Ако без музика и дружење не можете да замислите ниеден ден, вистински момент е да почнете да посетувате часови по танцување.
Еден час ќе уживате во танцување и во пријатно опкружување и ќе го елиминирате насобраниот стрес на кој денес сме сите ние повеќе или помалку изложени. Освен што ги јакне и обликува сите групи на мускули и ги топи масните наслаги, танцот исто така го јакне имунитетот, го подига расположението и го елиминира стресот, поради што се се препорачува како идеален вид на рекреација.
Салсата, зумбата, румбата, тангото, хип-хопот, џез денсот, стомачниот танц, валцерот, фламенкото, балетот, што и да изберете, нема да погрешите – ќе го размрдате целото тело, ќе бидете поподвижни и пофлексибилни.
Во зависност од тнцот, во текот на еден час можат да се согорат од 300 до 1.000 калории. При еден час брз танц се трошат, во просек, околу 350 калории, а во текот на една веќер помината во танцување на страсни танцови, од 600 до дури 1.200 калории.
Сепак, за да можете да ги видите резултатите, потребно е да вежбате барем два часа дневно, минимум пет пати неделно. Ко темпото е побрзо, а срцето посилно чука (a тоа го јакне срцевиот мускул), но и мускулите на нозете, додека танцот со партнер дополнително ги обликува мускулите на рацете.
Поради тоа што бара правилно држење, танцот ја подобрува исто така координацијата и движењето, но и концентрацијата, ја поттикнува креативноста и ја зголемува способноста за учење и помнење, независно од возраста, тврдат стручњаците, па е совршен во вид на борба против депресијата.
Ако редовно одите на часови по танцување, помали се шансите да патите од некоја хронична болест. Овој вид на рекреација претставува и напор за мозокот, бидејќи се работи за активност во која е потребен повисок степен на координација, вештин и учење на движењата.
Со танцување може да се започне на секоја возраст, можноста за повреди е речиси исклучена, а ништо помалку не е ни тоа што ќе уживате во дружењето со вљубеници во танцувањето, кои гледаат позитивно на животот.


