Топ 3 фитнес вежби за стегнати нозе и секси задник
Ако немате многу време за вежбање, овие совети ќе ви помогнат да го промените спортскиот дух од корен. Овие 3 вежби лесни се за помнење, а требаат само 15 минути дневно за да се направат.
Вежба бр. 1:
Загрејте се за почеток на тренингот. Идеална вежба е онаа во која ќе ја префрлите тежината од една на друга нога додека сте застанати во расчекор. Секојпат при префрлањето од една на друга нога, со прстите од спротивната дланка допрете ги стапалата од ногата на која имате чучнато.
Направете 3 серии од по 25 вежби. Во оваа вежба нацелени се колковите и внатрешната и надворешната ложа.
Вежба бр. 2:
Останете и понатаму во положба на расчекор, но овојпат прстите на стапалата треба да се поставени нанадвор. Почнете да правите чучнувања, но не до крај.
Направете 4 серии од по 15 вежби.
Вежба бр. 3:
Сега во овој расчекор прстите на стапалата се насочени право. Нозете се раширени во ширина на колковите. Заземете положба на получучнување и правете издржувања од по 30 секунди. Повторете 5 пати.
Со редовно правење на овие вежби, резултатите гарантирано ќе бидат видливо по само три недели.