sposobnosti

Дали некогаш сте почувствувале болка во зглобовите пред грмотевица? Искусивте изненадувачка мигрена за време на студените денови? Некој мирис ве потсети на некој минат настан? Нашите тела се способни да направат некои навистина необјасниви работи. Експертите декодираат осум најчудни способности на нашето тело.

Болката во зглобовите може да го предвиди времето

Приказните за болки во зглобовите непосредно пред да врне дожд не се невистинити. Непосредно пред олуја, атмосферскиот притисок паѓа. Главните сензори на нервните завршетоци во зглобовите регистрираат релативно зголемување на притисокот заради вишокот на течности, што резултира со болка.

Очите можат да сигнализираат дека на нашето тело му е премногу студено.

Како да познаеме дека температурата се спуштила до опасни граници? Очите ќе ни кажат. Кога хипотермијата станува сериозна, крвните садови во очите се собираат за да ја зачуваат енергијата. Заради тоа, може да дојде до привремено слепило, какво што доживеа и Кејт Аптон кога се фотографираше на Антарктикот. Температурата тогаш се спуштила на -20.

Вашите зеници можат да им откријат на другите дека сте заљубени

Ако сакате да сокриете дека некој ви се допаѓа, седете во полумрак. Кога некој ви се допаѓа, зениците ви се прошируваат.

Тоа се случува заради симпатичкиот нервен систем, кој го контролира ширењето на зениците. Ова не се случува само кога сте заљубени, туку и кога набљудувате нешто убаво.

Вагината може да се возбуди пред да се возбуди мозокот

Едно истражување од Холандија открива дека можеби не сме секогаш свесни кога сме возбудени. Истражувањето покажало дека вагината може да се возбуди и пред жената да стане свесна за тоа. Ова истражување ја поткрепува и дека „ мажите се визуелни суштества “.

Брзината на срцевите отчукувања може да ја предвиди иднината

Резултатите од едно истражување тврдат дека човековото срце може да предвиди одредени настани и без да има некакви предзнаци за тоа. Истражувачите од Калифорнија и истражувачите од Италија им покажале на учесниците на истражувањето низа фотографии со непредвидлив ред и ги проучува нивните реакции.

Некои фотографии биле неутрални, а другите требале да поттикнат некаква реакција. Научниците откриле дека бројот на отчукувања на срцето се зголемува 10 секунди пред покажувањето на стимулирачките слики, што сугерира дека срцето може да почувствува кога треба да се случи нешто убаво или нешто вознемирувачко.

Сетилото за мирис може да ве врати во минатото

Сетилото за мирис е „магична временска машина“. Центрите за мирис во мозокот се наоѓаат во лимбичкиот систем, кој е одговорен и за емоциите и за паметењето. Мирисите, меморијата и чувствата длабоко се ипреплетени, па еден мирис може лесно да ве врати неколку години во минатото.

Вашите очи можат да предвидат дека дека доаѓа пролет

Надвор времето може да биде ужасно, но раните алергии можат да наговестат дека наближуваат топлите денови. Поленот и бројот на спори се зголемуваат и пред промена на времето, но вашите очи први реагираат на тоа, чешаат и солзат.

Системот за варење може да ви даде неверојатна сила

Да, една мајка навистина би била во состојба да подигне автомобил ако нејзините деца се под него. Кога вашиот симпатички нервен систем ве предупредува на опасност, се ослободува адреналин, кој го забрзува бројот на отчукување на срцето, го забрзува дишењето, ги шири зениците и го гасне системот за варење за да им дозволи на мускулите да соберат сила. Вашиот систем за варење може да ја позајми својата енергија на другите процеси во телото, а во ризичните случаеви ова е уште поизразено.