Сакате да престанете со пушење? Во продолжение ви претставуваме 7 важни чекори кон кои треба да се придржувате доколку сакате да се откажете од оваа навика

cigari 1

1.  Донесете одлука!
Една од најтешките одлуки за пушачите е да ги остават цигарите. Денес, луѓето за жал, од пушењето се откажуваат се повеќе од финансиски, отколку од здравствени причини. За почеток, замослете се како непушач, личност која се занимава со физички активности, наместо со пушење. Стекнете голем број нови навики кои ќе ви станат секојдневие, а кои ќе ги заменат цигарите. Воведете рутина за трчање во  вечерните часови или наутро пред да заминете на работа, па додека вашите колеги губат дел од своето работно време на пушење цигари , вие протегнете се и релаксирајте се. Важно е само да започнете!

2.Поставете си цел

Поставете си краткорочни цели. Пробајте да престанете со пушење на еден месец. Немојте да размислувате за тоа како веќе никогаш нема да пушите, особено доколку сте стравствен пушач и многу сакате цигари. Краткорочните цели ви овозможуваат да останете фокусирани на она што се трудите да го постигнете, а кога ќе достигнете една цел, веднаш зададете си нова. После неколку месеци непушење, ќе ви биде жал да ја прекинете добрата низа, ќе бидете горди на себе и ќе посакате да продолжите понатаму!

3. Избегнете ги стапиците!

Цигарите за време на возење во автомобил или додека стоите во гужва, се некои од најтешките за избегнување. Набавете си јаткасти плодови, за да имате секогаш со вас што да грицкате кога ќе се најдете во критични ситуации. Одлучете се за лешници или костени, бидејќи се најмалку калорични и кога ќе ве фати криза- грицкајте! Ритуалот на пушење цигари е еден од најчестите причини за тоа зошто пушачите воопшто пушат и од овој ритуал особено тешко се откажуваат. Наместо ритуалот на пушењето, најдете некој нов. После ручек, прошетајте, утрината после појадокот  читајте или спијте 20 минути повеќе, истуширајте се и отидете на работа .

4. Организирајте се

Доколку пушите по една кутија цигари дневно, а една цигара просечно гори седум минути, тоа значи дека имате  вишок слободно време – 2 часа и 20 минути. Организирајте си го дневниот распоред така да квалитетно го поминете овој вишок време. Најдете некое ново хоби, некоја нова физичка активност…. Важно е да е нова активност, за да можете старата навика да ја замените со нова.

5. Психички ефект

Не е лесно да се откажете од една од најголемите и најдостапни зависности, затоа немојте да бидете строги со себе и да очекувате дека супер ќе се чувствувате, барем не во прво време. Доколку не ја зголемите физичката активност, нема да имате каде да ги исфлите од себе негативните емоции, па затоа вежбањето е одлично.

Нервозата ублажете ја со чаеви за смирување, никотински фластери, јога, чаша топло млеко или чаша црно вино пред спиење. Важно е да се наградувате.

Исто така, добро би било парите кои секојдневно ги одвојувавте за цигари да ги чувате во касичка и на крајот на секој месец да си купите нешто со сумата која сте ја заштедиле. Кога ќе видите колку вредни нешта сте можеле да си купите, наместо цигари, ќе ви биде полесно да останете фокусирани и да истраете во намерата.

6. НЕ за кафулињата и рестораните

Избегнувајте го одењето во кафе-барови и ресторани, барем во прво време откако ќе престанете да пушите.Во друштво на пушачи и на места со востановени норми на однесување, ќе ви биде тешко да се одрекнете од пушење. Освен тоа, многу слободно време ќе ве доведе до искушение повторно да запалите цигара.

7. Промена на начинот на живот

Многу ќе ви помогне доколку го промените и начинот на живот- пролетта е извонредно време за нов почеток. Почнете поздраво да се храните, научете нови рецепти со макробиотички и органски намирници, поминете повеќе време во природа и медитација. Одберете физичка активност која ви е достапна – блиску до работното место или живелиштето, за дополнително да не ве демотивира долгиот пат и премногу потрошеното време, но и онаа активност која ви се допаѓа а со која никогаш не сте имале прилика да се занимавате. Со занимавањето со нешто ново и интересно ќе ви се оттргнат мислите од цигарите.

Тагови: Здравје