Маска за митисери
Многу дами се соочуваат со затнати и масни пори, кои ги собираат сите нечистотии на кожата, што создава голем естетски недостаток. Иако митисерите се упорни и псотојано се враќаат, погледнете го овој фантастичен рецепт кој продира длабоко во кожата и ја отстранува нечистотијата дури и од потешко достапните места, како што се носот, челото и брадата.
Маската за митисери е сосема природна и едноставна за подготовка и употреба. Исто така, може да се користи и против мозолки, бидејќи нејзината главна состојка (активен јаглен) ги отстранува сите маснотии и валканици кои со тек на време се таложат на лицето. Маската најдобра е да се користи еднаш неделно. Многу брзо се забележуваат првите резултати.
За оваа маска е потребно:
- 1/2 лажички активен јаглен
- 1 лажичка зелена глина
- 1 ипол лажичка вода
Измешајте ги сите состојки и нанесете ја маската на лицето. Кога ќе се исуши, измијте го лицето со топла вода.