Голем број Македонци денот го започнуваат со кафе, Пред работа, за време на службен состанок, после ручек или за вечерно излегување, кафето е омилен пијалок. Но, дали е всушност тоа добро за организмот? Во продолжение ви ги откриваме 5-те позитивни и 5 негативни ефекти на кафето врз нашето здравје.

кафе-еден од најомилените пијалоци во светот

кафе-еден од најомилените пијалоци во светот

 

Добри ефекти на кафето врз здравјето

 

1. Кафето има силни антиоксидантни ефекти благодарение на кои овозможува заштита на нашите клетки, протеините и ДНК од оштетувањето предизвикано од т.н. оксидативен стрес. На тој начин кафето помага да се спречат повеќе дегенеративни болести – Паркинсонова болест, дијабетес тип 2, цироза на црниот дроб, рак на простата и депресија кај жените. Во умерени количини кафето го смирува кардиоваскуларниот систем и ги стимулира мускулите. Ја поттикнува циркулацијата и зголемувањето на мозочната активност. Неодамна се докажа дека кафето има и антибактериски ефект, па колку повеќе го пиеме, имаме помал ризик од кариес.

2. Кофеинот го буди телото и ја подобрува концентрацијата. Според една студија на „Journal of Experimental Psychologyˮ кафето може да помогне при побрзо воочување и намалување на бројот на граматички грешки на испитите.  Затоа и не зачудува фактот што посегнуваме за овој црн напиток кога сакаме да го стимулираме мозокот и да ги подобриме своите когнитивни вештини, како на пример кога подготвуваме испит или се подготвуваме за бизнис-зделка.

3. Кафето ја зголемува издржливоста на организмот и го попрабва расположението. Поради овие причини, ворасните можат да испијат една до две шољи кафе, но и старите лица и децата. Едно бразилско истражување, всушност, докажува дека кафето со млеко кај децата може да ја подобри концентрацијата и да ја намали депресијата. Експертите единствено не  гопрепорачуват за бремени жени, бидејќи сметаат дека така може да се зголеми ризикот од предвремено породување или раѓање на бебиња со мала тежина.

4. Кофеинот делува како стимуланс, диуретик и благ лаксатив. На многу луѓе им ги намалува тешкотиите предизвикани од астма, а се содржи и во некои лекови против мигрена. Ја зголемува панкреасот секрецијата на хормонот, го спречува создавањето на камења во бубрезите, ја стимулира работата на срцето  и лачењето на киселина во желудникот. Кофеинот, меѓу другото, ја зголемува брзината и интензитетот на дишење, и овозможува големи количини на кислород да дојдат до мускулите со што се намалува чувството на замор.

5. Жените кои дневно пијат четири или повеќе шолји кафе, имаат  речиси 25 отсто помал ризик од развивање на рак на ендометриумот, а оние кои пијат две чаши имаат речиси  22 %  помал ризик од малигни болести, отколку жените кои не пијат кафе. Ова се заклучоците врз основа на едно опсежно 26-годишно истражување спроведено во периодот од 1980 до 2006 година, во кое се испитуваа прехрамбените навики на 67.500 жени на возраст од 34-59 години. Беше спроведено од страна на истражувачите од Харвард Школата за јавно здравство, кои со користење на различни лабораториски испитувања идентификуваа голем број на други добри ефекти од кафето.

Лоши ефекти на кафето врз здравјето

 

1. Прекумерни количини на кафе предизвикуваат еуфорија, анксиозност, зголемување на отчукувањата на срцето , го зголемуваат крвниот притисок и  исто така, може да предизвикаат горушица и несоница. Кај некои луѓе пак, кафето предизвикува депресија , проблеми со варењето, треперење , раздразливост и вознемиреност, а предизвикува и стеснување на малите крвни садови.

2. Количината на кофеин во телото не треба да надминува повеќе од 0,5 грама (околу четири шолји на ден) . Лекарите советуваат да не се внесува повеќе од 400-450 милиграми кофеин дневно . Ако количината на кофеин е поголема од препорачаната, се зголемува ризикот од срцеви аритмии , грчеви и проблеми со дишењето. Фаталната количина на кофеин во крвта што  може да предизвика смрт според лекарите  е 10 грама , што одговара на количина од 75-100 шолји кафе.

3. Кафето може да доведе до влошување на желудочните тегоби кај лицата  кои страдаат од создавање на прекумерна количина на желудочна киселина.

4.Големи количини на кафе може да доведат до дехидратација , бидејќи кафето е многу моќен диуретик. Ито така, може да предизвика вознемиреност и стрес  и со тоа да предизвика висок крвен притисок, со што се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

5. Кај оние кои наеднаш ќе престанат да пијат пијалоци со црно кафе, може да се појави пречувствителност , нервоза , немир , гадење , поспаност и главоболка. Тоа се случува како резултат на опуштање на тонусот на нервниот систем кој не е под влијание на нашата волја (односно вегетативниот систем ) и кај луѓето склони на главоболки предизвикани од мигрена.

Тагови: Исхрана