Сезоната на јагоди е пред нас, а многумина веќе имаат посегнато по првите пристигнати јагоди во супермаркетите. Јагодите се богати со витамините Ц и Б6, а една чаша од нив содржи само 49 калории. Во продолжение погледнете за што се се добри јагодите.

1. Го намалуваат ризикот од срцев удар

Јагодите се добри во борбата со високиот притисок, артритисот и срцевите болести. Имено, едно најново американско истражување покажало дека младите жени кои јадат многу јагоди и боровинки имаат помал ризик за да добијат срцев удар. Научниците сметаат дека овие овошја содржат во себе голема количина антоцијан – флавоноид, кој го намалува крвниот притисок и ја подобрува функцијата на крвните садови.

2. Штитат од рак

Капините, јагодите, малините и боровинките се скапоцено оружје во борбата против настанокот на ракот, но и за време на неговото лекување. Тие во себе содржат елагична киселина, која докажано го забавува растот на туморот и ги уништува канцерогените клетки. Истражувањата покажале и дека јагодите помагаат во забавувањето на растот на клетките на туморот на црниот дроб и го забавуваат стареењето на мозокот. Еден вид антиоксиданс кој го има во ова овошје го намалува и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, бидејќи ги штити крвните жили. Бобинките најдобро е во исхраната да се комбинираат со јогурт со помал процент на масти.

3. Детоксикација

Јагодите спаѓаат во овошјата кои се најбогати со витамин Ц, што помага за детоксикација на организмот. Една чаша јагоди има само 49 калории, така што слободно може да се ужива во оваа намирница без страв од дебелеење. Покрај тоа, во таа чаша јагоди има и 210 мг. калиум кој, меѓу другото, го подобрува нормалното функционирање на нервниот систем.

4. Слабеење

Ова омилено овошје на многумина е многу здраво и богато со влакна, што може многу да помогне при слабеење. Најновите истражувања докажале дека оние кои јадат осум грама повеќе влакна, губат половина килограм на 1.000 внесени калории. Тоа е поради тоа што нутритивните состојки во јагодите го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат апетитот, а помагаат и во контролирање на висината шеќер во крвта.

5. Го јакнат имунитетот и лекуваат воспаленија

Ова овошје содржи и калциум и магнезиум. Богат извор е и на антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од појавата на хронични болести и помагаат во лекувањето на разни воспаленија.

6. Го подобрува видот

Истражувањето кое има опфатено повеќе од 110.000 мажи и жени, покажало дека витамините А, Ц, Е, Б1, Б12, Б2, Б3, Б5 и Б6‚ со кои изобилуваат јагодите, играат клучна улога во зачувување на здравјето на очите. Меѓу испитаниците кои секојдневно консумирале најмалку 100 грама од ова овошје, забележан бил најмал број случаи на макуларна дегенерација. Покрај тоа, ова сочно овошје е богато со фитонутритиенти, кои го спречуваат оштетувањето на клетките, како резултат од делувањето на слободните радикали.

7. Лекуваат пролетен замор

Со своето богатство од витамин Ц, јагодите помагаат во совладувањето на пролетниот замор.

8. Јагодите во служба на убавината

Јагодите се одличен сојузник на убавината и негата. Консумирањето јагоди помага за белење на забите. За поголем ефект, може да се тријат по забите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина