Милиони луѓе ширум светот го започнуваат денот со филџан кафе. Кафето е еден од најпопуларните пијалоци и честопати е предмет на разни истражувања во кои се утврдило кои се предности, а кои ризиците од неговото пиење. Стотици студии во последниве неколку години покажале дека кафето не е штетно како што се мислеше некогаш. Всушност, многу стручњаци веруваат дека тоа има повеќе предности од ризици.

Користа од пиењето кафе

Еве дел од начините како кафето може да ви помогне на здравјето:

  • Кафето го намалува ризикот од рак на усната шуплина и грлото. Анализирајќи 9 истражувања и споредувајќи ги со 5139 со рак на главата и вратот со 9.028 луѓе без рак, италијанските научници откриле дека четири и повеќе филџани дневно го намалуваат ризикот од развивање рак на устата и грлото за 39%.
  • Го намалува ризикот од мозочен удар кај жените. Американските истражувања покажале дека пиењето на четири или повеќе филџани кафе дневно го намалуваат ризикот од мозочен удар кај жените за 20%. За оние кои никогаш не пушеле, ризикот е намален за 43%.
  • Може да го продолжи животот!!! Истражувањата на Универзитетот во Мадрид и на Универзитетот Харвард довеле до интересен заклучок – кафето го продолжува животот. За да го докажат тоа, истражувачите анализирале податоци од 84.214 жени и 41.736 мажи. Ниту еден од нив немал рак или болести на срцето на почеток од студијата.
    Конечните резултати покажале дека ризикот од смрт бил помал кај оние кои пиеле кафе од оние кои не пиеле кафе. Главна причина за овој резултат е намалениот број на случаи на срцеви болести кај оние кои консумирале кафе.
  • Го подобрува помнењето. Паузата по учењето на некоја лекција прави наученото да се меморира полесно.
  • Го намалува ризикот од рак на простатата. Истражувањето кое опфаќало 50.000 луѓе, а кое траело во периодот 1986-2006, открило дека оние кои многу пијат кафе имаат за 60% помал ризик од добивање рак на простатата во споредба со ние мажи кои не пијат воопшто кафе.
  • Го намалува ризикот од болести на срцето. Истражувањето спроведено на медицинскиот конзорциум Кајсер Перманенте во Калифорнија, САД, покажало дека луѓето кои консумираат редовно кафе имаат помала веројатност да бидат примени во болница поради неправилен срцев ритам.
  • Го намалува ризикот од рак на дојката. Истражувањето во Умеа, Шведска, покажало дека жените кои пијат кафе повеќе од четири пати дневно имаат понизок ризик од развој на рак на доката во споредба со оние жени кои пијат кафе помалку од еднаш дневно.

 

Ризици од пиењето кафе
  • Проблеми со спиењето. Кафето го зголемува будноста и ја зголемува концентрацијата. Затоа, оние кои патат од несоница или кои имаат проблеми со спиењето не би требало да го пијат.
  • Ја зголемува анкциозноста. Пиењето кафе во големи количини или престанокот на пиење кафе може да предизвика раздразливост.
  • Ги влошува симптомите на ПМС. Жените кои патат од предменструалeн синдром треба да одбегнуваат да консумираат кафе, бидејќи тоа може да ги влоши овие симптоми.
  • Намалена плодност. Кафето има негативно влијание на плодноста. Жените кои се обидуваат да забременат треба да го одбегнуваат.
  • Зголемен ризик од остеопороза. Иако консумирањето на кафе не е значаен фактор за остеопорозата, тогаш што го зголемува ризикот? Кофеинот го забрзува исфрлањето на калциумот во урината и со тоа ја намалува силата на коските. Меѓутоа, истражувањето покажало дека ако жената добива доволно калциум, кафето ќе придонесе за развој на остеопороза.
  • Зголемен холестерол. На многумина кои денот го почнуваат со филџан кафе, холестеролот им е последното нешто на кое би помислиле. Но, истражувањата покажале дека консумирањето големи количини кафе (во просек по 6 филџани дневно) го зголемива холестеролот.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина