Хомеопатската медицина е вид на алтернативно лекување. Во последно време се здобива со се поголема популарност, воглавно поради се поголемиот страв на западниот свет од ,,труење,, на организмот непотребно со силни хемиски лекови, за кои честопати се мисли дека предизвикуваат повеќе штетни нус-појави од вистинско оздравување. Хомеопатијата не е никакво ново чудо ниту измислица на современото време, ваквиот облик на лекување се применувал уште во античка Грција, а повторно се популазирал во Германија, во втората половина на 18 век. Идејата на хомеопатијата е дека не ги лекува симптомите на болеста, туку дека се обидува да влијае на нејзините причини.

Хомеопатите велат дека со овој метод не се лекува болеста, туку пациентот, бидејќи веруваат дека секоја здравствена тегоба е само одраз на нарушената енергетска или биохемиска рамнотежа на човекот. Хомеопатското лекување се спроведува така што на пациентот му се даваат минимални дози од лекот со цел тие да го поттикнат организмот да се бори против болеста со своите природни процеси.

Вториот начин на хомеопатско лекување е со намерно предизвикување симптоми еднакви на симптомите на болеста (на пример, високата темпераура се лекува со нејзино зголемување, а не со ладење, за да се поттикне организмот самиот да почне да ја намалува тепературата, да речеме со потење), што е сосема спротивно од начинот на лекување со конвенционални методи, а се со цел телото да се поттикне на силна реакција и со тоа на природно излекување. Токму затоа хомеопатската терапија не се дава со оглед на болеста која ја има човек туку со оглед на неговата индивидуална состојба на телото, но и умот, затоа што психолошката состојба на човекот исто така се зема предвид како релевантен причинител за појава на болеста.

 

Хомеопатијата, спротивно на многу заблуди, не е никакво волшебство. Нејзините принципи се темелат на минималното дозирање на лекот за, за разлика од леувањето со конвенционалните лекови, да се спречи создавањето зависност од него. Самото лекување започнува со утврдување на психофизичката состојба на пациентот. Притоа не се анализира само неговата физичка состојба, туку и емотивната, менталната и психолошката и во предвид се земаат и некои надворешни околности од животот на пациентот, кои модерната медицина често ги исклучува како релевантни фактори за физичката болест. Меѓу нив се начинот на живот на пациентот, околината, видот на работа, семејните односи и слично.

По деталната анализа на состојбата на пациентот, се припишува соодветната терапија во облик на креми, дестилати, раствори и слично. Хомеопатските лекови можат да бидат од растително и животинско потекло, можат да содржат витамини, хормони и делови од конвенционалните, алопатски лекови. Покрај овие може да се користат и магнети, кристали и користење на звуци и светлина.

Поради индивидуалниот начин на лекување, хомеопатијата може да трае подолго од лекувањето со конвенционалните методи. Ова е една од причините поради кои службената медицина го отфрла како легитимен начин на лекување, сметајќи дека нема доволно докази дека таа навистина лекува, а не само остварува плацебо ефект кај одреден вид на пациенти. Овој метод се смета за недоволно проверен за да се признае како ефикасен дел од класичната медицина. Но, добрата страна е сепак што со неа се се лекува само една болест, туку целиот организам, што може да биде од голема помош на оние кои патат од повеќе болести.

 

Сепак, хомеопатијата не е чудотворна и во многу случаи нејзините резултати изостануваат – некогаш поради неправилно лекување, некогаш поради неправилно поставена дијагноза како резултат на недоволното искуство на хомеопатот, а некогаш поради самата состојба на организмот на пациентот или менталната блокада на оздравувањето. Но, овој вид на лекување може да биде одлично за лекување на некои полесни тегоби, посебно на оние за чие лекување класичниот медицински пристап е премногу агресивен.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина