Боксот е сеопфатна вежба, три во еден – кардио, сила и ментален тренинг. Ако ова не е доволно да ве убеди да го вклулите во својот живот, овие пет причини можеби ќе ве предомислат.

Боксот ги активира сите мускули во телото

 

Немојте да мислите дека боксот е само вежба за горниот дел од телото. Тоа е чист мит. Нозете подеднакво учествуваат во активноста, бидејќи телото мора да биде координирано, а тогаш освен сила и зголемена потрошувачка на енергија, ја подобрувате рамнотежата, експлозивноста и агилноста – вели спортскиот психолог Џесика Метјус.

 

Ги топи калориите мошне брзо

 

Боксот значително ги забрзува срцевите отчукувања и ја јакне мускулната издржливост, па со тек на време телото може да почне да согорува се повеќе калории. Стручњаците пресметале дека со боксот се топат 13 калории во минута, слично како при трчање и возење велосипед, со тоа што половина час спаринг троши 300 калории, половина час тренирање на вреќа околу 200, а борба во ринг околу 400 калории.

Опушта од стрес подобро од која било активност

 

Не само што делува здраво и продуктивно врз мозокот, туку со ,,исфрлање на стресот од себе,, совршено се опуштате. Се лачи ендорфин, кој докажано ги прави луѓето посреќни. Меѓутоа, менталните предности не застануваат тука, бидејќи боксот ја гради самодовербата и самоконтролата.

Ја поправа координацијата

Во боксот најважно е да се има ,,врска,, помеѓу очите и рацете. Токму тука лежи менталната сила на боксерот, која воедно совршено делува на подобрување на координацијата на целото тело.

 

Во боксот никогаш нема да престанете да учите и да напредувате

 

Боксот никогаш нема да ви здодее, тренинзите минуваат за миг, бидејќи сте постојано фокусирани, и притоа сте свесни дека секогаш постои нешто ново што може да се научи.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина