Постојат неколку изговори кои жените ги користат како изговор за да не вежбаат со тежини:

1.Не сакам да кревам тежини, теретаната ме плаши

2.Сакам да си ги „тонирам″ мускулите

3.Не сакам да кревам тежини бидејќи не сакам да изгледам премногу набиено или како бодибилдер

Да ги разгледаме сите нив со ред…

 

Не сакам да кревам тежини, теретаната ме плаши:

 

Нема закон кој вели дека за да кревате тежини мора да одите во теретана. Постојат повеќе проблеми со атмосферата во конвенционалната теретана – еден од нив е и стравот од осуда , особено ако сте нови во тренингот за сила. Но, не мора да одите во сала за да кревате тежини. Преку многу мали финансиски инвестиции можете да си набавите тегови или руски звона, медицински топчиња, Има бројни начини за да вежбате кога сакате и каде сакате, без да морате да стапнете во салата. Користите ја и сопствената телесна тежина, која е можеби и најдобрата алатка за изградба на сила.

 

Не го употребувајте стравот од салата како причина да го избегнете добриот тренинг со тежина. Најдете начини да креирате таква атмосфера дома што ќе ви овозможи комфорт при тренингот со сила, па потоа да размислете за членство во некоја теретана по ваша желба. Последно нешто што сакате да го направите е да инвестирате во членство каде што нема да го користите затоа што не ви се допаѓа атмосферата, клиентелата, опремата и така натаму.

 

Сакам да си ги „тонирам″ мускулите

 

Идејата за ” тонирање на мускулите ” е една од најголемите лаги во конвенционална смисла.

 

Вистината е дека не постои такво нешто како ” тонирање на вашите мускули. ” За жал, не постои. Концептот на ” тонирање ” (или она на што луѓето МИСЛАТ кога мислат на тонирање) е комбинација на две многу вистински нешта : создавање на мускулна маса и намалување на вишокот на масно ткиво . Мејнстрим мислата за “тонирање на мускулите” не ја одразува реалноста за постигнување на ова. Повеќето луѓе мислат дека ако користат мали тежини со голем број повторувања, тоа ќе ги тонира вашите мускули. Ова резултира со слабо тело кое нема премногу обемна мускулна маса и има добра мускулна дефиниција.

Еве ја првата половина од вистината: Мускулите се дефинирани од сите краеви од тетивите и коските. Тие магично не добиваат различни форми. Сериите од 2-3 повторувања не прават мускули во форма на триаголник и 10-12 повторувања не произведуваат мускули во форма на квадрат . Мускулите едноставно немаат толку многу уметничка слобода. Сепак , мускулите се менуваат и растат како резултат на одговор на вежбањето. Тоа е првата половина од равенката за постигнувањето на она што повеќето луѓе го сакаат, кога мислат на тонирање на мускулите : поголеми мускули. О да, драги дами. Кога зборувате за “тонирање” на мускулите, вие во суштина велите две работи -1 ) Сакам да ги изгубам мастите и 2) САКАМ ПОГОЛЕМИ МУСКУЛИ.

Добрата вест е што мејнстрим мислата за тонирање на мускулите има мал елемент на вистина во неа : Шемите на вежби со мали тежини, а многу повторувања го стимулираат растот на мускулите. Сепак , шемите за вежќбање со помалку повторувања, а поголеми тежини го стимулираат растот многу повеќе. Јас не фаворизирам една шема за вежбање во однос на друга, мојот совет е балансирана програма која ги балансира вежбите со големи тежини и оние со повеќе повторувања, како Crossfit ! Но, ако сакате поголеми мускули (дел од неостварливиот мускулен тонус ), тогаш не можете да ги укинете големите тежини. Повеќето луѓе мислат кревањето големи тежини не е дел од ” тонирањето ” , но тоа е веројатно така затоа што кревањето поголеми тежини е понапорно. Ви треба посветеност , мотивација и решителност. Дигањето на 90 + кг при мртвото дигање е далеку поинаква битка отколку играњето со тегови од по 2 килограми, и да бидеме искрени, луѓето сакаат да најдат причини за да не ги прават работите кои се тешки. Ние сакаме да поминеме полесно. Полесно е подобро. Но лесното не може да ви донесе резултати .

 

Втората половина на вистината: телесните масти се сето она што навистина одредува колку добро вашите мускули би можеле да се видат. ПОГЛЕДОТ на слабо, извајано, мускулесто тело е она што повеќето жени го сакаат кога мислат на зборот ” тонирано “. И додека некои видови физички вежби несомнено ќе ве направат да изгледате послаби, несреќната вистина е дека начинот на исхрана е доминантен фактор за контролирање на процентот на масти во вашето тело. Дигањето на големи тежини нема да направи да изгледате погломазно, но неправилниот начин на исхрана и лошите комбинации на намирници секако ќе го сторат тоа.

Тренингот за сила и правилната исхрана е начин за тоа да го добиете изгледот што го посакувате . Односно ” тонираниот ” изглед, ако може така да се каже . Тренингот за сила треба да биде добар микс на кревање големи тежини, вежби со еднорачни и дворачни тегови, и полесни вежби со многу повторувања и функционални движења. Сето ова ќе резултира во поголеми мускули. Поголеми мускули е половина од битката во создавање на ” тониран ” изглед. Вториот дел од битката е внесување на правилна исхрана.

zeski_devojki vo teretana3_42

Не сакам да кревам тежини бидејќи не сакам да изгледам премногу набиено или како бодибилдер :

 

Жените едноставно не го поседуваат хормонскиот профил потребен за да изградат маса кревајќи големи тежини. Тие не поседуваат доволно тестостерон. Значи, ако сте жена и вежбате напорно со кревање тегови и притоа добивате повеќе ” маса ” односно станувате “поголеми” , тогаш или а) имате несоодветна исхрана или б) земате некакви “додатоци “.

 

Ако сакате само да изгубите од”телесната тежина” и да бидете слаби, тоа е во ред, можете да вежбате на елипсовидната справа или статичниот велосипед три часа дневно и да не јадете ништо . Меѓутоа, во практиката жените можат да почувствуваат многубројни придовки кои вистинскиот фитнес им ги пружа – физички, ментално и духовно. Тие се чувствуваат помоќни со дигањето тежини, чувствваат поголема самодоверба заради зголемувањето на силата и секојдневно го осознаваат она што се способни физички да го направат, давајќи им прекрасно чувство на слобода.

 

Изгледот на 12 годишно девојче е за 12 –годишните девојки . И доколку мислите дека веќе имате премногу мускули, се лажете. Секоја жена која мисли дека има генетска предиспозиција да има мускулесто тело или пак да изгледа набиено, се лаже! Едноставно станува збор за висок процент на телесни масти!

 

А што се однесува до коментарот за жените бодибилдерки – Мора да се каже дека овие жени изгледаат вака НАМЕРНО. Изгледот на нивното тело е намерно постигнат преку многу екстремни мерки, обично вклучувајќи хормонска терапија ( стероиди), заедно со програм за сила и кондиција дизајниран специјално да направи да изгледате што е можно повеќе мускулесто, без вистинска желба за всушност да ги подобрите физичките перформанси .

 

Поголемиот дел од бодибилдерите всушност не се кревачи на тежини. Тие не се загрижени за тоа да станат се посилни, да имаат подобра кондиција или да останат здрави. Во суштина тие се спротивност на Crossfit тренингот или тренирањето за атлетски перформанси.

 

Може да се рече дека целиот овој спорт е во основа изграден врз идејата да се изгледа добро и затоа начинот на кој изгледа телото на бодибилдерите е намерен. Тие не започнуваат да вежбаат и случајно го добиваат овој изглед. Тие го КРЕИРААТ својот изглед . Па, затоа освен ако не го посакувате самите овој изглед, нема магично да се разбудите едно утро и да изгледате како професионален женски бодибилдер од подигнување на големи тежини.

 

Со се она што погоре наведовме, ред е да ви дадеме некои општи совети за добивањето на она прекрасно, слабо и мускулесто тело кон кое тежнеете. Но, почетниците треба да бидат отворени за промени во своето тело и да бидат подготвени да се забогуваат од она што МИСЛАТ дека го знаат за тоа што значи да се има фитнес фигура.

 

 

  • Вие не треба да се правите кардио вежби 3 часа дневно, всушност тоа може да биде МНОГУ нездраво и штетно за метаболизмот.
  • Не мора да живеете само од јадење на брокула и аспарагус
  • Не треба да го избегнувате внесот на масти
  • Не мора да се одлучувате за верзиите “без калории “, ” со ниска масленост “, “без масти ” или “без шеќер” на намирниците.
  • Вие не треба да кревате обоени тегови. Не треба да ги кревате најлесните тегови!
  • Пиењето Кока-Кола не се смета за хидратација
  • Не треба да живеете само од зелена салата
  • Не треба да јадете помалку цело време
  • Не ви се потребни скапите гаџети, монитори кои ги бројат отчукувањата на срцето, фенси компјутерски програми или Д-р Оз за да го добиете телото кои го посакувате

 

НАМЕСТО тоа, треба да

 

  • Јадете доволно за да ја поддржите вашата активност, но да не промовирате дебелеење
  • Јадете јаглехидрати (ВИСТИНСКИТЕ видови)
  • Јадете масти ( ВИСТИНСКИТЕ видови )
  • Јадете нискомаслени протеини
  • Да пиете многу вода
  • Кревајте тегови, руски звона, гуми, шипки…. .. Не е важно што, само одберете тешка категорија
  • Совладајте ги основите на потисокот над глава, склекот, мртвото дигање ….
  • Кога правите ” кардио ” вежби, не се ограничувајте само на елипсовидната справа . Правете спринт, трчајте,….
  • Вежбајте интензивно. Ако кревате тегови, кревајте ТЕШКИ. Ако вежбате спринт направете го најдобро и најбрзо што можете!
  • Откажете се од долготрајниот кардио тренинг
  • Направете burpees .
  • Намалете ги или елиминирајте ги рафинираните шеќери целосно ( колачите, крофните и слично)
  • Нека целосната природна храна биде вашиот примарен извор на енергија
  • Држете се до надворешните рабови на самопослугата каде што се сместени овошјето и зеленчукот
  • Консумирајте повеќе нискомаслено месо , зеленчук, овошје, ореви, јаткасти плодови, итн
  • ЈАДЕТЕ! Спротивставете му се на поривот да ги намалите калориите, да ги намалите хранливите состојки од вашата исхрана или да прибегнете кон други драстични мерки.
  • Додека не го осознаете и примените до перфекција правилниот начин на исхрана за вас и вистинскиот тренинг, не ги трошете вашите тешко заработени пари на различни додатоци или други препарати” за да станете фит побрзо” .
  • Вежбајте за ВАС, на ВАШЕТО ниво , за ВАШИТЕ цели. Што е ефикасно за вашиот сосед е одлично за него, секако. Не мора да значи дека истото ќе биде ефикасно и во вашиот случај.

 

Јадете ја вистинската храна. Кревајте ја вистинската тежина. Добијте ги вистинските резултати. Тоа е вистинското. Без трикови. Без разните апчиња, прашоци или напивки. Консумирањето на нискомаслени намирници, хранливи материи од природна храна и дигањето на вистинската тежина ќе ви помогнат да добиете женствено, мускулесто, тенко тело по кое копнеат сите дами.

 

Ви ветуваме .

 

А сега зграбчете ги теговите и вежбајте !

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.