Докажано е дека жените побрзо стареат и видливо физички. Драстична е разликата помеѓу тело на жена од 75 години и на маж на иста возраст. Иако денес, во ерата на пластичните операции, ботоксот и затегнувањето на лицето, разни шминки и третмани и жените можат, до некаде, да се одржуваат и на некој начин да им парираат на мажитет, но останува она дека тие вложуваат огромен труд и напор за да изгледаат добро, додека мажите и без тоа изгледаат добро. Еве кои се промени се случуваат при стареењето кај едните, а кои кај другите. Откако ќе ги прочитате, можеби ќе ви стане јасно зошто жените стареат побрзо од мажите.

 

1. Хормонски промени

И мажите и жените доживуваат извесни сексуални промени со годините. Причината за тие промени се хормоните. Жените на 50 години влегува о менопауза и во тој период ја губи плодноста, исчезнува менструалниот циклус и јајниците престануваат да лачат естроген. Овој процес најчесто е пропратен со симптоми како што се валунзи, замор, сувост на вагината и намалено либидо. На мажите, пак, стареењето не им носи нагли промени како кај жените. Кај нив промената тече постепено. Нивото на тестостерон опаѓа со тек на времето, во просек околу 1% секоја година по 30-та година од животот. Намаленото ниво на тестостерон може да доведе до еректилна дисфункција, намалено либидо, па дури и промени за време на спиењето. Овој процес кај мажите се нарекува андропауза. За разлика од менопаузата, кај мажите за време на андропаузата и понатаму може да се создава сперма и во постаро животно доба.

stareenje2

2. Промена во тежината

Одржувањето на тежината е вистинска борба и за жените и за мажите, посебно по 30-та година од животот, кога доаѓа до постепено губење на мускулната маса. Но, и едните и другите различно добиваат на тежина. Мажите обично добиваат на тежина додека да навлезат во 50-те години од животот, кога нивната тежина почнува да опаѓа, најчесто поради пад на нивото на тестостерон, кое ги одржува мускулите. Од друга страна, жените обично добиваат на тежина до 65 години, кога и тие почнуваат да губат од тежината поради губење на мускулната маса.

3. Подобар квалитет на кожата

Кожата на жените и кожата на мажите имаат исти карактеристики, но разлики и тоа како постојат. Кожата е бариера која ја штити внатрешноста во нашиот организам од надворешниот свет. Таа е орган која покажува разлики помеѓу половите, било да станува збор за физиолошките процеси или за градбата. Основата на овие разлики се наоѓа во хормонскиот систем, иако на неа влијаат и навиките. Според Меѓународниот институт Дермал, машката кожа е помалку склона кон стареење. Нивото на машкиот хормон тестостерон ја прави машката кожа за 25% подебела. Мажите имаат и поголема густина на колаген, погруба текстура и поголема природна влажност на кожата, бидејќи тие обично повеќе се потат и имаат поголема количина на млечна колагенска киселина во потта. И мажите и жените го губат колагенот по 30-та година во приближно иста стапка, но по менопаузата таа стапка се забрзува кај жените, додека машката кожа старее постепено. Во последниве десетлетија науката со специјални софистицирани техники проникна и во најмалите детали во тајните на кожата. Така, денес е можно објективно да се процени разликата во физиолошките функции на кожата на жената и кожата на мажот.

4. Губење на косата

Со годините, и мажите и жените ја губат косата. Во која мерка ќе ја губат зависи од хормоните и од наследните фактори, но факт е дека ќелавоста почесто ги напаѓа мажите. Се проценува дека половина од машката популација постепено ја губи косата околу 40-та година. Од друга страна, пак, жените многу ретко страдаат од ќелавост. Најчесто, кај жените доаѓа до проретчување на косата и до промена на нејзиниот квалитет, но не и до целосна ќелавост.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина