chia-seme

Чиа семе е најновата супер храна која, за која сите зборуваат. Ова лековито семе повеќето луѓе го дефинираат како “магично” семе, намирница која прави чуда во нашето тело.Која е тајната?

Што всушност е чиа семе?

Ние веруваме дека многумина од вас никогаш не слушнале за чиа семето, и покрај тоа што постои илјадници години.

Чиа семето или латински Salvia hispanica,се плод на растение од фамилијата на нане,кој расте во Мексико и Гватемала.Се верува дека семето било составен дел од исхраната на Маите и Ацтеките. Чиа значи снага, а во традицијата на овие народи белото и црно чиа семе се користеле за подигнување на енергијата,но исто така било и дел од нивните религиозни церемонии, аго користеле и за медицински цели.

Кои се главните придобивки од чиа семето?

Чиа е билка која е најбогата со омега 3 масни киселини,протеини и влакна, а исто така содржи и голем број на витамини,минерали и антиоксиданси. Семето е одлично за регенерација на кожата, во согорување на мастите, го зајакнува телото и позитивно влијае на органите за варење. Нутриционистите се согласуваат со тоа дека, доколку се чувствувате слабо, без енергија бидејќи влијае на работата на мускулите и ја ослободува енергијта од вашето тело, па често го користаат и спортистите. Ова семе содржи 37% прехрамбени влакна кои ја стимулираат работата на цревата. Диета, или строга исхрана базирана на ова семе, се покажала брилијантна како превенција од рак на дебелото црево.

Зошто е чиа семето добро за кожата,косата и ноктите?

Чиа семето содржи и омега 6 масни киселини, антиоксиданси( само еден грам од семето содржи 4 пати повеќе од свежи боровинки) и протеини кои се мнгу важни за здравјето на кожата. Истражувањата покажуваат дека консумирањето на чиа семе, исто така влијае и на здравјето на косата и ноктите,што се должи на фактот дека е и извор на протеини(20%) кои телото мора постојано да ги има, со цел да го одржува и заштити коренот на косата и ноктите кои се  и направени од протеинот кератин.

Дали може да ви помогне во губењето на килограми?

Консумирањето на чиа семето влијае на намалување на апетитот,го забрзува метаболизмот и активира гликоген, што е од суштинско значење во согорувањето на мастите.

Колку треба да се јаде за да се види ефектот?

По една лажица на ден се препорачува,и не повеќе од тоа бидејќи чиа семето содржи многу растителни влакна и може да  го оптовари чувствителниот стомак.

Како можеме да го конзумираме семето од чиа?

Чиа семето е со многу лесен и пријатен вкус, а наједноставен начин е да го изблендирате со овошје за некој пијалок,или како додаток во некоја витаминска салата и можете да го јадете и сирово. Трикот е да го потопите во вода 15 минути,толку за да нараснат до големина која е за 10 пати поголема од вообичаената.Може и со овесна каша, чие семе е поголемо, така што вашиот стомак ќе ослободи хормони кои ќе ве “информираат” дека сте најадени. Ова семе кога ќе го потопите во кокосово млеко и го изблендирате со бадеми,ананас, станува  многу вкусен а притоа здрав напиток.

Тагови: чиа
Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз