Експертите препорачуваат да што малку пиете газирани сокови,а најдобро е да целосно престанете да ги пиете. Газираните пијалоци може да го зголемат ризикот од разни медицински состојби, и статистичките истражувања покажуваат дека потрошувачката и консумацијата на газирани сокови во последните 20 години постојано се зголемува. Сите овие причини, зошто треба да престанете да пиете газирани сокови, се поддржани од страна на научни истражувања.

Зголемување на телесната тежина

Неколку истражувања покажале дека безалкохолните пијалаци може да го зголемат ризикот од дебелина. Студијата на американските научници покажала дека луѓето, кои за период од 10 години пиеле 1-2 безалкохолни пијалоци дневно, имаат дури за  500% поголем ризик од прекумерна телесна тежина во споредба со нивните врсници кои ретко пијат газирани сокови или воопшто не пијат.

gazirani-sokovi3

Дијабетес

Луѓето кои секојдневно консумираат безалкохолни пијалоци, имаат зголемено ниво на шеќер во крвта. Една студија покажа дека само еден газиран сок дневно го зголемува ризикот од метаболичен синдром и дијабетес за 36%.

Нездрави заби

Киселина од газираните сокови, речиси веднаш може да ги оштети забите. Кога пиете газиран сок секој ден, ризикот од стоматолошки болест се зголемува уште повеќе. Газираните пијалоци може да ја оштетат забната глеѓ,  а и го зголемуваат ризикот од расипување на забите и оштетување на непцата.

Слаби коски

Газираните пијалоци може да бидат особено штетни за жени на средна возраст. Всушност, една студија покажала дека жените кои консумираат газирани пијалоци секојдневно, имаат помал процент на коскено ткиво, во споредба со оние кои ретко пијат газиран сок или и воопшто не пијат.

 

Кардиоваскуларни болести

Една студија на научниците од Колумбија покажала дека тоа е доволно да се пие само еден газиран сок на ден во период од 10 години, за  ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар се зголеми за  43%.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз