sol_naslovna

Според сите најнови истражувања, водечките причини за смртност се незаразните болести, од кои пак кардиоваскуларните болести сочинуваат дури 58 проценти. Тоа значи дека во просек, секоја втора смртност е директна последица од некоја болест на кардиоваскуларниот систем. Зголемената количина на внесена сол преку исхраната е во непосредна врска со зголемениот крвен притисок. Заради овој факт кој е се поголем глобален здравствен проблем, Светската Здравствена Организација во својот најнов прирачник за препораки за луѓето го намалила препорачаниот дневен внес на солта од 6 грама на 5 грама, што е помалку од една мала лажичка за кафе.

Стручњаците предупредуваат секогаш кога купувате храна да ја погледнувате декларацијата за содржината на одделни хранливи материи во производот (маснотии, јагленхидрати, протеини, холестерол, натриум). Забележете колку натриум ќе внесете во организмот со тој производ. Најзагрозена категорија од зголемено внесување на сол се пациентите со срцева слабост, бубрежните болни, лицата со покачен крвен притисок и оние со црнодробна цироза.

Консумирањето на храна која содржи висок процент на сол во текот на детскиот развој доведува до сериозни здравствени проблеми кои можат да се спречат доколку овој проблем навремено се препознае, па затоа е многу важно количината на солта која се внесува да биде посебно прилагодена за децата.

sol1

Експертите предупредуваат дека е неопходно да се внесува натриум во организмот, а најздравиот начин за да се направи тоа е да се внесе низ непреработените намирници кои во себе содржат природна колилина на калциум. Истражувањата покажале дека дури и минималното намалување на внесувањето на натриум во организмот доведува до значително подобрување на здравјето и намалување на бројот на луѓе кои имаат хипертензија. Светската здравствена организација строго препорачува кај децата да се намали внесувањето на сол, бидејќи во спротивно во подоцнежните години ќе имаат здравствени проблеми.

Прехрамбената индустрија, заедно со јавните институции, играат важна улога во решавањето на проблемот со прекумерно внесување на сол во исхраната. Една од компаниите која е меѓу најголемите приоизводители на храна- компанијата Нестле, до 2007 година го намалила нивото на солта во своите производи за 10 проценти, а во последните 8 години од кулинарското портфолио на оваа компанија се елиминирани дури 11,700 тони сол.

Според Александра Малешевиќ, нутриционистот на компанијата Нестле, оваа компанија одамна го препознала проблемот на прекумерен внес на сол во исхраната, па затоа компанијата по темелна анализа сакала да го даде својот придонес во решавањето на овој глобален здравствен проблем. Реновацијата на производите, кои се последица на големите вложувања во истражувањата и равојот треба да бидат дел од глобалната, но и од локалната политика на секоја современа компанија.Исто така, таа смета дека актуализацијата на оваа тема е од големо значење и треба што повеќе припадници од прехрамбената индустрија активно да се вклучат и да дадат допринос во решавањето на овој проблем.

Неколку начини за тоа како да ја намалите солта што ја внесувате:

Настојувајте храната секогаш да ја подготвувате дома.

Потрудете се да подготвувате повеќе домашни супи со зеленчук, отколку готови супи

  • Соларникот отстранете го од вашата маса.

Јадењата наместо со сол зачинувајте ги со бибер, лук, оригано, нане, босилек, мајчина душичка и други

Во салатите не ставајте сол, зачинете ги единствено со лимон или оцет.

Кога купувате храна обрнете внимание на содржината на сол.

Не консумирајте брза храна. Избегнувајте да купувате конзервирана или полуготова храна.

На листата на производи што содржат многу сол се: готови супи, коцки за супа, чипс, крекери, кечап, разновидни сосови и преливи за салати, колбаси, виршли, саламурени и сувомеснати производи, конзервиран зеленчук, сардини, некои видови кашкавали и сирења…Па затоа потрудете се да ги избегнувате овие неколку намирници!

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.