kontracepcija_1

Пилулите за контрацепција во Велика Британија се користеле уште од 1961 година. Претпоставката била дека со текот на времето нивната употреба ќе се рашири. Меѓутоа, денес стапката на употреба е во опаѓање. Се поголем број жени се откажуваат од средствата за контрацепција и со тоа го загрозуваат своето здравје.

Неодамнешното истражување “British Pregnancy Advisory Service” спроведено врз 150 000 жени, покажало дека дури третина од нив не користат средства за контрацепција. Поголемиот дел од жените кои се откажале од користење заштита се во четвртата и петтата деценија. Се покажало дека девојките во старосната група од 15 до 24 години се повнимателни во однос на ова прашање.

Студијата го побила и верувањето дека високообразуваните жени од средните општествени слоеви се оние кои најчесто користат контрацепција.

Зошто се игнорираат средствата за контрацепција?

Испитаничките рекле дека причина за избегнување на презервативот како метод за контрацепција е тоа што тој ја убива страста. Ова особено го рекле помладите испитанички кои најмногу уживале во спонтаноста. Пилулите за контрацепција се избегнуваат бидејќи голем број жени стравуваат од нивните штетни дејства. Дека ова се погрешни верувања, потврдува и статистиката која покажува дека успешноста на кондомот во спречување на несаканата бременост е 82 отсто.

kontracepcija_2

 

Кога жените биле запрашани околу причините за престанување на употребувањето на средствата, биле откриени неколку интересни приказни. Така, на пример, една жена се збогувала од пилулите за контрацепција бидејќи нивното редовно земање би ја потсетило дека дошло крај на нејзината сериозна врска и дека е повторно сама. Значителен број жени после сексот земаат пилули за ден после, а многумина од нив и се потпираат а калкулаторот за пресметување на плодните денови. Кога нивната плодност не е на оптимално ниво, без страв се впуштаат во незаштитени сексуални односи.

Голем број девојки ги избегнуваат и средствата за контрацепција бидејќи веруваат дека нивните партнери “водат сметка” за ова прашање. Посетите на клиниките и абортусите се начините на кои најчесто завршуваат оние кои имаат вакви верувања.

Кристин Лукер, американски социолог, изјавила дека токму тоа што абортусот не е повеќе табу-тема, влијаело врз тоа голем број жени да се откажат од контрацепција.

Абортусот е во пораст во Велика Британија, а половина од жените, постари од 40 години, кои се одлучиле на абортус не користеле никакви заштитни средства. Повозрасните жени се повеќе ја потценувале својата плодност, иако едно истражување окажало дека несаканата бременост е почеста кај жените повозрасни од 35 години, отколку кај девојките постари од 18 години.

Како што изјавил Глен Лионс, директорот на клиниката “Philip Kingsley”, меѓу стравовите од штетните дејства на средствата за контрацепција се наожа и стравот дека ие ја оштетуваат кожата. Жените се плашат дека овие средства ја намалуваат и сексуалната желба и предизвикуваат напади на паника. Овие стравови биле поткрепени и со бројни натписи во медиумите. Пилулите за контрацепција и понатаму се официјално средство за заштита, а во комбинација со презервативот добивате идеална заштита од несакана бременост и пренесување на сексуално преносливи болести.

Кога се впуштаме во незаштитен сексуален однос, размислувањето за можните последици доаѓа доцна, најчесто тога кога ќе заболиме од некоја сексуално пренослива болести. Уверени во тоа дека лошите работи им се случуваат на другите, ризикуваме да добиеме некоја полово пренослива болест или СИДА.

Иако денеска на жените им се на располагање бројни методи за контрацепција, тие денес се многу позбунети отколку порано. Секако, дилемите се оправдани, но екстремните решенија, како избегнување на овие средства не се оправдани.