Традиционалната медицина одамна ги призна лековитите својства на крушити. Пред да се каже нешто за тоа,  сакаме да обрнете  внимание дека  круша не се јаде на празен стомак или по тежок оброк и месо. Особено по  јадење на круши не треба да се  пие вода, бидејќи тоа може да предизвика дијареа. Од друга страна, ако страдате од констипација, крушите се одлично решение за овој проблем. Свежи круши и задушени круши ќе придонесат за чистење на цревата.  Заслуга за ова има пектинот, кој се наоѓа во круши, дејствува како диуретик и има благо лаксативно дејство. Пектинот во крушите помага во намалување на нивото на холестерол, особено ако се јаде сирово нелупено круша, со тенка и мека кора.

 Храна за бебиња

Многу лекари препорачуваат да  крушите бидат еден од првите плодови со кои треба да се храни бебето. Иако овие тврдења не се научно докажани, никој не го оспорува фактот дека храната со круши е лесно сварлива, и затоа можеда им се дава на бебиња од рана возраст. Друга причина зошто е потребно да се промовира јадењетона  круши и дека ова овошје е многу ретко предизвикува алергии.

Го забавува стареењето

Најмалку три порции од ова овошје на ден, за 36% го намалува ризикот од макуларна дегенерација,од  која се јавува стареење. Податоците кои се објавуваат во Archives of Ophthalmology покажуваат дека  овие лековити својства се должат на антиоксиданти, витамини А, Ц и Е, кои се наоѓаат во крушите.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Антиоксиданс глутатион содржан во круште има позитивен ефект врз намалување на притисок и го намалува ризикот од мозочен удар. Друг антиоксиданс од круши – кверцетинот помага во спречување на рак и артериски оштетување кои може да доведат до срцеви заболувања.

Штити од дијабетес

Крушите имаат посебно признание за намалување на ризикот од развој на дијабетис тип 2.  Истражувачите откриле дека одредени видови на флавоноиди во храната, можат да ја подобрат чувствителноста на инсулин, како и од особен интерес во оваа област се три групи на флавоноиди (flavonols, flavan-3-OLS и антоцијани ), кој се наоѓаат само во крушите. Сепак, новата анализа на   Nurses ‘Health Study покажа дека комбинацијата на  јаболка и круши има најдобар ефект врз намалување на ризикот од дијабетес тип 2. На дијаабетичаритеим се препорачува редовно да пијат сок од свежи круши  30 минути пред јадење.

Лек за простата

Во традиционалната медицина крушата, илјадници години се користи за лекување на простатитис, која е една од најчестата уролошка дијагноза на мажите помлади од 50 години. Чајот од  круша влијае на исфрлање на камен и песок од бубрезите и олеснување на елиминирање на бактерии од уринарниот тракт, а делуваи на воспаление на зглобовите.

Ја подобрува функцијата на срцето

Поради високата содржина на калиум и натриум крушата го поттикнува излачувањето на течностите и го намалува крвниот притисок,ја подобрува работата на срцето, преносот на нервните импулси и мускулната работа. Освен калиум и натриум, крушите содржат многу фолна киселина, која помага да се спречи појавата на артритис и ревматизам, а е неопходна за добра невро-мускулна работа.

Го отстрануваат заморот

Препорачливо е да се јадат крушите кога чуствувате  замор, вртоглавица, тахикардија, губење на апетит и имунитет. Ако сте анемични секој ден треба да јадете два големи круши за ручек како десерт. Во овој случај, круши се јадат излупени и пулпата треба да се меша со две лажици мед.

Јанамалува кашлица и  лечи бронхитисот

Свежите и сушени круши ќе ви   помогнат со кашлањето и треската. Варени и печени круши се користат за лекување на бронхитис и белодробна туберкулоза.

 Ја намалува температурата

Со векови, крушите се користат за да се намали температурата. Голема чаша свежо исцеден сок од круши ќе придонесе за итно чувство на ладење.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз