Зошто при менструација се добива некој килограм плус?
Добивањето на тежина за време на менструацијата е една од ставките кои жените не можат да ги смислат. Имено, секоја припадничка на понежниот пол за време на менструацијата добива и до два килограми плус, а ова се начините поради кои жените се чувствуваат надуено за време на оние денови.
Огромна потреба за дополнителна количина на храна
За време на цилусот не гледате и не бирате што јадете, а посебно посегнувате по разни грицки и слатки, бидејќи до нив најлесно доаѓате. Но, дали знаете дека сите тие јагленохидрати дополнително помагаат за задржување на водата во телото? Токму тоа е една од причините зошто се чувствувате надуено.
Прогестеронот како “непријател”
Нивото на прогестерон во втората половина од менструалниот циклус расте, што предизвикуа задржување на водата, чувствителност на градите и добивање на тежина поради водата која се задржува во организмот. Кај некои жени градите можат дури и да се зголемат за еден број. Поради “нападот” на прогестеротно, телото ги извлекува течностите од крвните садови и ја пренесува во ткивото, а тоа, според една теорија, се случува поради тоа што телото се подготвува за оплодување. Доколку не дојде до оплодување односно до бременост, нивото на прогестеротнот опаѓа и телото со престанок на менструацијата се враќа во претходната состојба.
Килограми и по менструацијата
со оглед на тоа што, како што тврдат стручњаците, за време на менструацијата можат да се добијат и до 5 килограми вишок, многу е важно во тие денови да се пијат течности и да се јадат белковини. Постојат случаи дека доколку се здебелите за време на циклусот, тој вишок да се задржи и по завршување на циклусот.
Прескокнувате да вежбате
Токму поради тоа што се чувствувате надуено и што имате болни менструации, се откажувате од вежбањето на кое инаку сте навикнати. Движењето и потењето, како и инаку, па и во оние денови од месецот, всушност можат да ви помогнат да се чувствувате подобро. Со потењето ќе го исфрлите вишокот течности, а хормонот ендорфин, кој се лачи засилено кога се занимаваме со некоја физичка активност, ќе ги олесни грчевите.