Со тек на годините, нашиот метаболизам се забавува, а телото е посклоно на дебелеење. Меѓутоа забавувањето на метаболизмот во средните години не е главна причина за брзото зголемување на телесната тежина. Одговорот се крие во неактивноста. Колку сме постари, толку сме помалку активни. Имено, базалниот метаболизам е стапката според која организмот ги согорува калориите кога седиме или лежиме и тој е одреден од комбинацијата на висина, пол и гените кои ги наследуваме од родителите, и како таков не може многу да се промени.
Она кое луѓето често го нарекуваат метаболизам се всушност трите различни фази на согорување на калориите во кои влегува нашето тело и тоа во зависнот од тоа што правиме.
Кога јадеме, согоруваме мал број калории (одвај 10% од вкупно согорените во текот на денот) и тоа е всушност првата фаза.

Во воведот во АДАМ медицинската енциклопедија на Националниот институт за здравје се вели:

Зелениот чај и лутите пиперки нема да ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми. Некои намирници може ќе успејат да предизвикаат мало поттикнување во вашиот метаболизам, но недоволно за тоа да влијае на вашата тежина.
Најважната активност која ќе помогне во согорувањето на калории е – самата активност, која ја претставува втората фаза. Било да се работи за искачување по скалила, станување од стол за да земеме кафе или час по јога, важно е дека на тој начин се троши енергија.
Многумина мислат дека во оваа категорија спаѓаат и тренинзите на сила и кревањето тегови, но тоа нема значелно да влијае врз метаболизмот, со оглед на тоа што мускулите влијаат на стапката на базалниот метаболизам само од 20 до 25%.

Освен тоа што со годините сме помалку активни, исто така и се помалку водиме сметка за исхраната и за количината храна која ја внесуваме. Колку сме постари, чувството за ситост и апетитот стануваат се послаби, па така помалите порции ќе бидат поефикасни од полна чинија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина