Во последните неколку децении постоеле повеќе теории за тоа зошто некои луѓе се левучари, вклучувајќи ги дури и оние мислења дека тоа зависи од нивото на стрес на мајката за време на бременоста.

Едно истражување од 1980 година покажало дека дали ќе бидеме левучари или деснаци е одредено пред раѓањето. Ултразвучните прегледи укажуваат на тоа веќе во осмата недела од бременоста. А во 13-та недела бебињата почнуваат да го цицаат левиот или десниот палец.

Порано исто така се сметало дека генетските разлики помеѓу десната и левата хемисфера од мозокот одредува дали личноста подобро ќе се служи со левата или со десната рака. Меѓутоа, студијата објавена минатата година доаѓа до сознание дека одговорот може да се крие во рбетниот мозок.

Екипата научници од Универзитетот Бокум, во соработка со други универзитети од Холандија и Јужна Африка, открила дека активноста на гените во рбетниот мозок е асиметрична со онаа во матката и може да биде токму она што го одредува дали таа личност е левучар или десничар.

Активноста на раката започнува во мозокот, во делот наречен моторен кортекс, кој испраќа сигнали до рбетниот мозок, која таа активност ја пренесува во движење. Научниците откриле дека на едно бебе, додека расте во матката, до 15-та недела од бременоста, моторниот кортекс и рбетниот мозок се уште не се поврзани, но веќе е предодредено со која рака повеќе ќе се служи.

Кажано со други зборови, бебето може да ги следи движењата и да ја одбере ,,омилената рака,, и пред мозокот да почне да го контролира телото. Проучувајќи го ова, истражувачите ја анализирале експресијата на гените во рбетниот мозок од 8-та до 12-та недела од бременоста. Пронашле значајни разлики во левиот и во десниот дел од рбетниот мозок кој ги контролира движењата на рацете и нозете.

Разликата во експресијата на генот може да влијае различно на левиот и десниот дел од рбетниот мозок, што резултира со тоа некој да биде левучар или деснак, тврдат научниците.

Тагови: левучари
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина