Зошто не треба целосно да се откажеме од слатките?
Ако слатките се вашата омилена храна, новото научно истражување и тоа како ќе ве развесели. Имено, резултатите од истражувањето покажале дека десертите се и тоа како здрави за нашето здравје и дека не треба целосно да се откажеме од нив.
Зошто е тоа така?
Помеѓу другото, слатките не прават посреќни. Тоа се случува затоа што намирниците со поголема содржина на јагленохидрати им помагаат на мозокот и на телото да лачат хормони кои предизвикуваат чувство на среќа.
Слатките и диета
Желбата за слатки е еден од најголемите проблеми за време на диета. Целосното прекинување на консумација на слатко поради желбата за слабеење долгорочно нема да да ви помогне. Имено, истражувањата покажале дека оние кои здраво се хранат не го исфрлуваат целосно слаткото од исхраната и кога ќе се опуштат си го честат телото со она по што тоа копнее. Слатките исто така ги намалуваат негативните последици од диетата. Наглото исфрлање на јагленохидратите и шеќерите од исхраната предизвикуваат недостиг на гликоза која е потребна за создавање енергија, а поради тоа може да чувствувате замор.
Покрај слатките можете да внесувате повеќе овошје во организмот. Овошјето е потребно за здрав живот.