Имате чести главоболки, отечени сте и не можете да дишете низ нос, а немате никакви други симтоми за грип или настинка. Можеби тоа е така затоа што не станува збор за нив. Честопати причина за ваквите главоболки е синуситисот, кој не го сметаме дека е нешто сериозно и веруваме дека ќе помине сам од себе, но не секогаш е така. Ако не се лекува адекватно, оваа состојба може да стане проблематична, посебно што секого главоболката го спречува да функционира како што треба.

Акутниот синузитис најчесто е предизвикан од настинка, додека другите причинители се бактерии, алергии и габични инфекции. Овој проблем може да го препознаеме по отежнатото дишење, отеченото лице и делот околу очите, а може да се појави и главоболка на челниот дел од главата. Носот кој тече со болка и чувство на притисок може да биде индикатор за синуситис, состојба предизвикана од воспалени и отечени синуси. Оваа болка најчесто се засилува кога поединецот ќе ја наведне главата кон долу, а доколку трае подолго од три дена и има температура, потребна е посета на доктор.

 

Ако ваквото воспаление не се излекува како треба, постои можност да се повторува. Ако се појавува повеќе од четири пати во годината или трае околу 3 месеци, тогаш синуситисот се дефинира како хроничен. Првите симптоми на синузитис се носни канали кои се затнати со слуз. Во влажните носни канали, во кои нема доволно воздух, лесно се развиваат бактерии кои се причинители за оваа болест и кои можат да доведат до воспаление. Оваа состојба може да биде предизвикана од инфекција, но и од носни абнормалности, како што се девијации, израслини во носот или од неправилен облик на носната шуплина. Треба да се следи состојбата и соодветно да се лекува со консултација од доктор, бидејќи константната главоболка со отежнато дишење е добро познат непријател на патот кон нормално функционирање во текот на еден ден.

 

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.