Самци има се повеќе, а освен што немаат ни малку подобар сексуален живот од оние кои се во врска, како што покажале цела низа рецентни истражувања кои ги разбиле вообичените митови, постои уште еден голем проблем – исхраната.

Имено, кај мажите кои јадат сами изгледите за развој на дебелина се поголеми за 45%. Истото е и со високиот крвен притисок и со зголеменото ниво холестерол, покажало истражувањето на сеулскиот универзитет Донггук.

Последиците од таквите навики во исхраната се покажале негативни за мажите и за жените, но биле полоши за машкиот род. Утврдено е дека навиките во исхраната претставуваат опасност за здравјето на оние кои јадат повеќе од два пати дневно.

Во студијата учествувале 7.725 мажи, на кои им било поставено прашањето колку често јадат сами.

 

Јужнокорејските научници утврдиле и дека кај повеќето од нив се работело за самци, кои често ги прескокнувале оброците. Најчесто кај нив се развива абдоминална дебелина, која се карактеризира со наслојки масно ткиво во пределот на абдоменот.

 

Истражувањата чии резултати се објавени во списанието Obesity Research and Clinical Practice покажало дека кај оние мажи кои јадат сами во 64% од случаите се развива метаболички синдром група метаболички нарушувања кои се манифестираат со инсулинска резистенција, насобирање масноткиво во пределот на стомакот, високо ниво на холестерол и зголемен крвен притисок.

 

Студијата покажала дека кај жените кои редовно јадат сами, развојот на метаболичкиот синдром е поголем за 29 %.

Научниците на ова истражување ги поттикнал податокот според кој домаќинствата во западниот свет е се помал, односно според кој се повеќе луѓе живејат сами.

 

Според податоците на бритнскот NHS-a (National Health Service) минатата година во Велика Британија биле евидентирани 7,7 милиони домаќинства со по еден член. Поголемиот дел се жени.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина