Нашата крв е како меморијата на нашата човекова историја и еволуциите кои ги пренесувале токму крвните групи. Докажано е и потврдено дека крвната група го одредува во најголем дел нашето здавје. Таа влијае на варењето, метаболизмот, стресот, менталната и емотивната состојба и силата на нашиот имунитет. Со помош на соодветната прехрана според крвната група на која и припаѓаме можеме да живееме многу поздрав и поквалитетен живот. За пример овде ќе ја земеме 0 – крвната група. За разлика од другите крвни групи, оваа крвна група има неколку помоќни функции. Голема количина енергија, продуктивност, способност за лидерство се само од некои од многуте квалитети кои ги поседуваат припадниците на оваа крвна група. Меѓутоа, она што е нивна маана е тоа што се посклони кон болести како чир, ниско ниво на хормонот на штитната жлезда и недостиг на јод. За жал, наведениве проблеми можат да предизвикаат последици во вид на задржување на вода во организмот како и на добивање на прекумерна телесна тежина.

Познато е дека луѓето со оваа крвна група можат на сте други групи да им даваат крв, но можат да ја примат само од својата крвна група.

Во Јапонија, нултата крвна група е најзабележлива и кон овие луѓе се однесуваат посебно. Кога овие луѓе одат на разговор за работа, на работодавецот му е многу важно да дознае за која крвна група се работи и тоа само поради една значајна причина. Имено, носителите на оваа крвна груа се многу добро организирани, предадени се на работата и одговорни се, а тоа работодавците веднаш го забележуваат. Исто така, се верува дека се побистри и дека имаат повисоко ниво на интелигенција во однос на другите. Причината за тоа е што предците им биле ловци кои морале да ја набљудуваат средината околу себе и да ја проценуваат, се со цел да можат полесно да преживејат.

Крвната рупа 0 е првата крвна група на нашите предци, кои биле лукави, агресивни грабеживци. Аспектите на оваа група останале важни во секое општество, се до денешен ден. Лидерство, подвижност, енергија и фокусираност се меѓу најдобрите особини на носителите на оваа крвна група. Тие можат да бидат силни и продуктивни, но кога се под стрес се многу лути, хиперактивни импулсивни. Затоа мора да вложат голем труд за да пронајдат најсоодветна техника за совладување на проблемите и на сопствената лутина. Лошата исхрана, недостигот на вежбање, нездравите однесувања или зголеменото ниво на стрес, ги прави чувствителни на негативните метаболички влијанија, вклучувајќи ја и инсулинската резистенција, намалената активност на штитната жлезда и дебелеењето. Нивното генетско наследство им нуди можност да бидат силни, долговечни и оптимистични. Но, не е се баш толку идеално. Покрај стресот, кој делува многу лошо на носителите на 0 – крвната група, и раздразливоста, тие имаат и чувствителен желудник. Затоа е важно да одбегнуваат алкохол и кофеин, кој го подига нивото на адреналин, и тоа посебно кога се под стрес, бидејќи им се зголемува нивото на адреналин, кое кај нив е ,,природно,, зголемено. И, важно е исто така три до четити пати во неделата да бидат физички активни.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина