Таканаречената лајт-манија ги има освоено не само оние кои се на диета и не сакаат да се дебелеат, туку и сите други конзументи. Па, така во фрижидерите наместо класичните, или подобро кажано нормални намирници, се наоѓаат нивните лесни варијанти, со редуцирани масти – лајт мармалади, мајонези, јогурти, свежи сирења, но и оние тврди, зрели. Но, дали ваквиот начин на исхрана, кој полека станува тренд и општо прифатен, е навистина добар?

 

Склоноста кон млечни лајт производи кај кои е редуцирана природната маснотија, произлегува од често пласираните приказни по медиумите во кои млечните производи се опишуваат како нездрава храна која содржи висок уддел на маснотии со кои доаѓа до дебелеење и зголемено ниво на ЛДЛ холестеролот, што резултира со срцеви заболувања и мозочен удар. И, тоа се поради консумирање млечни производи – намази, напитоци и сирења.

 

Неправдан страв од ЛДЛ холестеролот

Но, правата вистина е дека нискиот уддел на масти во млечните лајт производи е понездрав од оној во нормалните, бидејќи беспотребно се откажуваме од здравите масти. Од тука нема потреба да се откажуваме од нив. Единствено на што би требале да внимаваме е во која количина ги консумираме и со што ги комбинираме. Најдобро е да се одбегнуваат во комбинација со јагленохидратите (леб, тестенини, компири…).

 

Ова тврдење го поддржува и истражувањето на Универзитетот во Даблин, во кое научниците откриле дека оние луѓе кои јадат ,,нормални,, сирења се поздрави отколку што се мислело. За потребите на истражувањето, 1500 учесници на возраст од 18 до 90 години биле испрашувани за нивните прехранбени навики, посебно за консумирањето на млечни производи – млеко, сирење, јогурт, павлака, путер…

 

Јадат масни сирења и имаат помал БМИ

Откривме дека учесниците во студијата кои јаделе многу сирење, имаа во својот организам значително повеќе заситени масти од оние кои малку или кои воопшто не консумираа сирење, или кои јадеа сирења со редуцирани масти. Меѓутоа, тоа немаше влијание на нивото на ЛДЛ холестеролот во нивната крв – изјавила водачот на ова истражување, доктор Ема Фини.

 

Покрај тоа, истражувачите откриле дека учесниците во студијата кои консумирале многу млечни производи, имале помал индекс на телесна маса (БМИ), помалку масно ткиво, повитки се во половината и имаат понизок крвен притисок од оние кои не консумираат толку многу јогурт и сирење. Покрај тоа, било воочено и дека оние кои консумираат млечни производи со намален уддел на масти апсорбираат повеќе јагленохидрати и имаат поголемо ниво на ЛДЛ холестерол од оние кои ги јадат истите млечни производи во полномасна верзија.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина