Зошто мажите треба да вежбаат пилатес?
Уште при првото спомнување на мажите и пилатесот се судруваме со бројни предрасуди против оваа филозофија на вежбање, како таква која е наменета исклучиво за жени. Пилатесот често се дефинира како лесна физичка вежба за жени со големи топки.
Во овој текст ќе издвоиме пет факти за пилатесот како тренинг наменет и за мажи.
1.Пилатесот го осмислил маж и тоа првенствено за себе
Најголемиот парадокс кога ќе го споменеме малиот број на машки вежбачи на пилатес е тоа што самиот пилатес го осмилил маж и тоа првенствено за себе, а дури подоцна и за да им помогне на другите. Џозеф Иберт Пилатес изворно е гимнастичар, нуркач и бодибилдер, но првично заработувал за живот како професионален боксер, изведувач во циркус и тренер по самоодбрана.
Тој, воедно страдал и од астма и рахитис, па затоа осмислил систем на вежби кој би му помогнал да се рехабилитира, но, исто така, ги прилагодил и на својот степен на сила, флексибилност и издржливост, додека истовремено ја одржувал правилната позиција на своето тело.
2. Пилатес вежбаат и светски познатите НБА играчи
Ако пилатесот е само за жените, зошто тогаш редовно го практикуваат и светски познатите НБА кошаркари и останатите успешни професионални спортисти?
Планетарно популарната ѕвезда на НБА – Леброн Џејмс вежба пилатес и вели: “Се чувствувам како да ми помага” .
Џејсон Кид на 34 години имаше една од најдобрите сезони во својата кариера. Но, токму тоа и го прави пилатесот за спортистите кои трагаат по долга и успешна кариера. Затоа Кид вели: “Пилатесот нема уште долго да се чува во тајност во редовите на НБА.”
3.Пилатесот е применлив на сите видови “тренинзи за мажи” со различни интензитети
Третата причина поради која мажите не треба да го избегнуваат пилатесот е фактот дека пилатесот претставува цела филозофија на дух и движење, тело и ум, која е применлива во сите тренинзи кои можат и не мора да содржат пилатес вежби: од тешки тренинзи за сила, напорни кондициони тренинзи, па се до вежби за рехабилитација и релаксација.
Пилатесот може да стане дел од нормалниот “машки” тренинг, преку користење на пилатес принципите низ сите вежби, или со вклучување на неколку пилатес вежби во редовниот план за тренинг. Можеби ова е за повеќето мажи најдобар начин за тоа малку по малку сами да ја откријат предноста на пилатесот како одлична филозофија за вежбање.
4.Пилатесот е добредојден и во салата
Доколку припаѓате на мнозинството кое вежба само на справи во фитнес салата, пилатесот може да ве научи како правилно да ги употребувате справите, да ги избегнете погрешните позиции на телото и повредите (кои за жал во фитнес салата се честа појава), како со усогласување на дишењето и движењето да го зголемите капацитетот на белите дробови и максимално ефикасно да изведете одредена вежба, како истовремено да релаксирате големи мускулни групи, а да го префрлите својот фокус на мускулите од јадрото, итн ..
Вие сеуште можете да продолжите со својот идеален број на серии и повторувања на омилените вежби на справите, но можеби овој пат на правилен начин (правилна положба на ‘рбетот) и правилно дишење.
5.Мажите се помалку флексибилни отколку жените – неопходност од тренинг на пилатес
Општо познат е фактот дека жените се пофлексибилни од мажите. Според тоа, и пилатесот е попотребен за мажите отколку за жените. Па така, ако тренингот кај мажите се состои само од рутинско кревање на тегови заради зголемување на мускулната маса без фокус на функционалната синергија на телото, умот и дишењето, постојат големи шанси за повреда на мускулите.
Пилатесот го подобрува квалитетот на животот, без разлика дали ви е потребно опоравување, напредување или предизвик. Затоа, не постои причина за избегнување на еден ваков систем на вежби, туку е попаметно да се искористат предностите кои пилатесот може да ги понуди и за мажите, во зависност од нивото на тренингот и посакуваната цел во одреден период.