Воглавно сите ние се трудиме да изгледаме што подобро – тренираме, водиме сметка за тоа што користиме од средствата за убавина на лицето и телото, се смееме повеќе и на тој начин ги ,,убиваме,, брчките. Но, едно нешто повеќето од нас го изоставаат, а тоа е начинот на исхрана.

Често се прашуваме како е можно Јапонките да изгледаат минимум 15 години помладо, и се обидуваме да сфатиме што е тоа што тие го прават за да изгледаат така. Иако генетиката е она со што тие можат најмногу да се пофалат, сепак треба да се земат предвид и следниве совети.

Како готват?

Пржењето, похувањето и печењето не важат за нив. Динстањето на малку масло, готвењето на пареа или варењето се термините од нивниот кулинарски свет. Зеленчукот секогаш го сечат на тенки листови и минимално го обработуваат термички. Зачините заземаат посебно место и ги користат во најголем дел од случаите, но не претеруваат со нив.

Разновидна храна

Суши не е единствената храна која ја консумираат Јапонците. Нивното мени се состои од различни видови риба, морски плодови, разновиден зеленчук, ориз, овошје и зелен чај. Не обожаваат брза храна и најчесто бираат свежа и сезонска храна.

Појадокот е задолжителен

За разлика од многу наши жени кои понекогаш забораваат да појадуваат, кај Јапонките појадокот е задолжителен. Тој се состои од разновидни намирници и повеќе мали порции, кои подразбираат ориз, соја, омлет, зеленчук…

Ретко јадат десерт

Јапонците се народ кој многу ретко јаде слатки и кога го прават тоа тогаш тоа е во многу мали количини. Не консумираат колачи и торти со многу кори и филови, како штое тоа пракса кај нас, туку најчесто прават или порачуваат сладолед од ориз (моки).

Култура на јадење

За нив исхраната и самиот чин на јадење претставуваат ритуал. Јадат полека, со мали залаци и мали порции. На чинија најчесто ставаат едно јадење, бидејќи сметаат дека комбинирањето на две јадења претставува недостиг на вкус.

 

Тагови: Исхрана
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина