Темните кругови околу очите не мора да бидат последица само од замор и од недостиг на сон. Затнатите дишни патишта оневозможуваат крвта слободно да циркулира, поради што можат да настанат подочници. Алергиите и затнатите синуси се честа причина за појавата на подочниците. Алергиските реакции доведуваат до тоа организмот да испушта хистамини, поради што крвните садови се шират. Силното чешање дополнително ја комплицира целата работа и ги зголемува отоците.

И затнатиот нос може да предизвика подочници, бидејќи затнатите дишни патишта оневозможуваат крвта да циркулира нормално во вените околу очите и доаѓа до отоци. Затоа е добро да се прочистат дишните патишта, да се измива носот со физолошки раствор или со раствор од морска сол. Може да помогне и употребата на лекови за алергија, препишани од страна на доктор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина