Во алтернативната медицина цветовите и листовите од кантарион се користат со цел подобрување на здравјето на целиот организам и за превенција од низа болести. Кантарионот најчеСто се користи за ублажување на симптомите на депресија и состојби кои се тесно поврзани со депресијата, како што се анкциозност, немање апетит и проблеми со спиењето. Кантарионот исто така многу често се користи за регулирање на срцевиот ритам и за расположение. Може да помогне при ублажување на симптомите од менопаузата, опсесивното компулсивно пореметување и сезонското афективно пореметување. Активните состојки на кантарионот, хиерицинот и хиперфоринот, се заслужни за лековитите својства на кантарионот. Научниците имат откриено дека тие влијаат директно на работата на нервниот систем и на комуникацијата меѓу трансмитерите.

Депресија

Земањето екстракт од кантарион може да го поправи расположението, да ја ублажи анкциозноста и несоницата предизвикана од депресијата. Едно истражување покажало дека кантарионот е подеднакво ефикасен во лекувањето на депресијата како и антидепресивите. Сепак, со оглед на тоа што тој не е знаќајно ефикасен во поглед на ова лекување и што доаѓа во интеракција со бројни лекови, стручњаците истакнуваат дека треба да се зема исклучиво со совет од доктор.

Симптоми на менопаузата

Некои докази упатуваат на тоа дека комбинацијата од цимицифуга и кантарион може да се употребува за ублажување на симптомите од менопаузата. Оваа комбинација може да ги ублажи валунзите и да го подобри квалитетот на спиењето.

Иритации на кожа

Нанесувањето креми или масти со екстракт од кантарион може да ги ублажи симптомите од кожни болести и иритациите на кожата. Едно истражување покажало дека кантарионот е посебно ефикасен за ублажување на симптомите од псоријаза.

Зараснување на рани

Нанесувањето масти и креми со екстракт од кантарион три пати дневно може да помогне за побрзо зараснување на раните и да го намали ризикот од видливост на лузните.

Анкциозност

Земањето екстракт од кантарион заедно со валеријана може да ја ублажи анкциозноста.

Тумор на мозок

Земањето на хиперицин во период од три месеци може да ја намали големината на туморот на мозокот и да ја зголеми веројатноста за успешно лекување.

Генитален херпес

Кантарионот може да помогне во ублажување на симптомите кај генитален херпес, како што се чувство на жежење и пецкање.

Предменструален синдром

Кантарионот може да ублажи некои симптоми на ПМС, посебно болките и грчевите во мускулите, напнатоста и раздразливоста.

Престанок со пушење

Земањето кантарион два пати дневно може да ја намали потребата за цигари и да ги ублажи симптомите на апстиненцијалната криза.

Треба да се извршат понатамошни истражувања за со сигурност да се потврди ефикасноста на кантарионот во лекувањето на следниве состојби:

  • желудочни тешкотии

  • мигрена и главоболка

  • ишијас

  • фибромијалгија

  • синдром на хроничен замор

  • болки во мускулите

  • рак

Нуспојави

Стручњаците истакнуваат дека по правило во целост е сосема сигурно да се користи кантарионот во период од една година. Ако се зема подолго, може да предизвика проблеми со спиењето, немир, анкциозност, главоболка, раздразливост, желудочни тешкотии, сувост во устата, вртоглавица, главоболка, осип и дијареја. Ако имате забележано нарушен сон, секако мора да ја намалите дозата. Кантарионот никако не смее да се зема во големи количини, посебно при изложување на сонце. Ако сте со посветол тен, немојте да го користите пред да излезете на сонце и користете креми со висок заштитен фактор.

Предупредување

Истражувањата покажале дека земањето кантарион за време на бременост може да го зголеми ризикот од настанок на вродени пореметувања. Постојат докази кои упатуваат на тоа дека кантарионот дури може и да ја намали веројатноста за зачнување. Ако планирате бременост, немојте да го употребувате.

Оние кои патат од тешка клиничка депресија треба да бидат внимателни при земањето кантарион, со цел да спречат настанување на мании, состојба која се карактеризира со прекумерна потреба за физичка активност и импулсивно однесување. А, додека кај оние кои патат од шизофренија, може да доведе до настанување на психоза.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина