Кога мажот еднаш ќе се разболи од болест како што е, на пример, карцином на простатата, тој добива т.н. антиандрогена терапија, што значи дека не само што не му се надоместуваат хормоните, туку и оној мал број на хормони кои му преостанале во телото се блокираат со лекови. А тоа доведува до тоа што, кога треба да биде најсилно за да се ослободи од туморот, телото останува на нула со хормони.

 

Да се ослободи еден маж од тестостеронот значи ,, да се издува како балон,, и да му се ,,нафрли,, уште некоја болест на врат. Токму тогаш кога му е потребна сила за борба, науката му го одзема оружјето. Она што важи за жените кои се на антихормонска терапија, важи и за мажите – мора да знаат дека со доведување во рамнотежа на кортизолот, хормонот на штитната жлезда, на менанинот, хормонот за раст, естрадилот и прогестеронот, можат да ја пребродат блокадата на тестостеронот многу подобро. Тоа значи дека ќе мораат да внимаваат на исхраната, да имаат редовен ритам на спиење, да се одмораат и да земаат додатоци со исхраната.

Во светот постојат болници кои се занимаваат со холистичко лекување и кои ги подучуваат пациентите како повторно да дојдат до здравје и како да го оддржуваат. Таа додава и дека нивоата на хормонот тестостерон во крвта на мажите денес е значително пониско отколку кај мажите кои живееле пред сто години, покажале некои историски студии.
Тоа не треба да се заборави, бидејќи докажува дека поради денешниов начин на живот, ги губиме своите природни предиспозиции. За среќа, а благодарение на напредокот на медицината и науката, и тој ,,еволутивен,, недостаток може релативно да се надомести.

 

Како се надоместува тестостеронот?

Со надополнувањето со тестостерон треба да се започне кога симптомите на ниско ниво на тестостерон се совпаѓаат со ниските нивоа на слободен тестостерон во крвта. Секако е најдобро, како и кај жените, половите хормони да се надополнат трансдермално т.е. со хормонска крема, но и со интрамускулни депо-препарати, односно со инјекции, на кои многу од пациентите им даваат предност. Се чини дека, за разлика од жените кои сакаат да ја негуваат кожата, кај мажите ритуалот на нанесување хормонски креми е напорен, па повеќе бираат поедноставен принцип. Инјекциите треба да се примаат во временски периоди.

Треба да се има предвид и дека секоја хормонска терапија има свои индикации и контраиндикации, како кај жените, така и кај мажите.

Фитотерапијата како баланс

 

Производството на хормони може да се балансира и со билки. Медицинската наука знае и докажала дека билките имаат влијание врз еректилната дисфункција и оддржувањето на здравјето на простатата, два големи проблеми на машкото здравје.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина