Целерот е зеленчук со освежителен вкус и со многу нутритивни својства, така што нутриционистите препорачуваат да се вклучува во која било диета. Доколку го додадете во исхраната, ќе ви помогне во подобрување на здравјето и во спречување на многу компликации.

 

 

Извор на витамини

 

Целерот е богат со вода и минерали, посебно со калциум, натриум и магнезиум. Исто така содржи и многу витамини: A, C, E, D, B6, B12 и витамин К. Содржи и есенцијални масла, влакна и антиоксиданси. Благодарение на сите овие корисни состојки, тој има моќни антибактериски и диуретски својства, а помага и во заштитата на срцето.

 

 

Намалува воспаленија

 

Поради содржината на полиацетилен, целерот е еден од најдобрите антиинфламатoрни производи. Овој елемент помага при елиминација на токсините и лекува болести како што се ревматскиот артритис, остеоартритисот или артрозата, гихтот, астмата и бронхитисот.

 

 

Смирува

 

Еден од најважните минерали кои се наоѓаат во целерот е магнезиумот. Овој минерал ви овозможува да го опуштите нервниот систем, а со тоа го намалувате чувството на стрес и можете да имате мирен сон.

 

Го подобрува варењето

 

Сокот од целер и зелка, заедно со киселините и фиро-хранливите состојки, помага ефикасно во подобрување на варењето и отстранување на констипацијата.

 

 

Универзален производ

 

Целерот е добар поради тоа што е хранлив и може да се подготвува на различни начини. Може да се додава во салати, супи, сокови или сосови.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина