Младиот кромид може да се јаде свеж или како додаток во разни јадења. Кој и да е начинот на негово консумирање, тој ќе го збогати нашиот организам со витамини, минерали и фитохемикалии, што го прави една од најздравите намирници. Истражувањата велат дека само еден струк млад кромид содржи околу 20 микрограми витамин К и 1,6 милиграми витамин Ц. Овие два витамини се од клучно значење за раст, развој и оддржување на јачинатаи здравјето на коските. Ако во нашата исхрана ги нема доволно овие два витамини, се зголемува веројатноста за развој на остеопороза и на поголем процент на кршливост на коските.

Младиот кромид е одличен и за здравјето на очите. Еден струк млад кромид содржи 24 микрограми витамин А во облик на провитамин А, кој во организмот се претвора во ретинол, активниот облик на овој витамин. Откриено е дека младиот кромид ги штити очите и од воспаленија.

Витамините А и Ц кои можат да се најдат во намирнци како што е младиот кромид, имаат силни антиоксидативни својства. Исхраната богата со намирници со високо ниво на антиоксиданси се поврзува со намалениот ризик од срцеви заболувања. Витаминот Ц исто така може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок што, за возврат, може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

За да може во целост да се доживее статкиот или средно силен вкус на младиот кромид, главиците треба да се цврсти и бели, а врвовите свежи и зелени. Треба да се консумира веднаш или најмногу за два дена од набавката, поради тоа што брзо ги губи своите нутритивни вредности.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина