Покрај тоа што имаат одличен вкус, јагодите се исклучитено здрави и можат да спречат развој на многу болестиВо 100 грама јагоди има само 32 калории, па тие се одлични за сите оние кои сакаат да ослабнат. Осум јагоди со просечна големина содржат повеќе витамин Ц од еден портокал. Една шолка јагоди содржи 51,2 мг. Витамин Ц, што е половина од препорачанат доза. Поради влакната кои ги содржат во себе, јагодите се одлични за поттикнување на варењето, а делуваат превентивно и го спречуваат развојот на разни болести и здравствени тегоби.

Елагинската киселина се содржи во црвеното овошје и бобинките, вклучувајќи ги малините, капините и брусницата. Истражувањата покажале дека консумирањето јагоди може да го спречи ракот на дојката, кожата, дебелото црево, простатата, панкреасот и хранопроводникот. Поточно, елегиската киселина го спречува ширењето на малигните клетки и може да се врзува за оние клетки кои го предизвикуваат ракот и така да го спречи нивното негативно делување

Срце

Јагодите изобилуваат со антиоксиданси кои го штитат телото од слободните радикали и имаат позитивно влијание на невродегенеративните болести, бидејќи го спречуваат прераното страеење на мозочните клетки. Ова овошје е познато како супер намирница и ,,најдобра храна за срцето,,. Јагодите го подобруваат здравјето на крвните вени, влијаат позитивно на тромбоцитите и липоротеините, што може да го намали ризикот од настанок на коронарни срцеви болести. Тие се одличен извор на витаминот Ц, кој го подобрува здравјето на артериите и надбубрежните жлезди, на кои овој витамин им е неопходен за правилно функционирање.

Очи

Антиоксидативните својства на јагодите го намалуваат ризикот од настанок на катаракта, која може да предизвика слепило. Витаминот Ц игра важна улога во јакнењето на рожницата и мрежницата. Иако некои истражувања покажале дека високите дози од овој витамин можат да го зголемат ризикот од појава на катаракта, научниците тврдат дека тоа се однесува на витаминот Ц кој се добива од суплементите, а не на онок добиен од овошјето и зеленчукот.

Брчки

Јагодите содржат двајца силни борци против предвремените знаци на стареење. Вит, консумирањето храна која е богата со витамин Ц е неопходна за да може кожата да остане здрава. Покрај витаминот Ц, елагинската киселина е исто така одлична при спречувањето на предвремената појава на брчките.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина