Оваа билка се одликува со бројни лековити својства. Семките содржат околу 50-60 отсто масло, олигоелемнтите бакар и калциум, а во помали дози и манган, железо, витамин Е и Б1, како и растителни смоли и горчливи материи кои му ја даваат препознатливата арома на овој зачин.

Сусамот содржи и два посебни вида на растителни влакна – сесамин и сесамолин, кои докажано го снижуваат нивото на холестеролот во крвта. Сусамот е многу богат со фитостероли- супстанци кои по својот хемиски состав се слични на холестеролот- што оваа билка ја прави идеална за негово сузбивање.

Познато е и антикоагулативното дејство на ова благородно семе, бидејќи го спречува згрутчувањето на крвта, што е посебно значајно за превенција од појавата на згрутчувањето на крвта- тромб. Личностите кои спаѓаат во ризичната група, на кои им се заканува создавање на тромб, би требало да го користат сусамовото масло во секојдневната исхрана.

Маслото од семките на сусамот покажува и исклучителни лаксативни својства, па се употребува и во случај на долготрајна констипација (запек) и нередовна столица, за елиминација на цревните паразите и чистење на цревата. Ова масло се користи и за лечење на хемороидите (проследени со крварење и болки), како и за санирање на повредите и промените на кожата како што се брадавици, чиреви, акни и изгореници.

Препаратите од сусам многу ефикасно делуваат и на болестите на респираторните органи како бронхитисот, астмата, воспаленијата на белите дробови и хроничното кашлање. Во случај на силните мигрени и упорните главоболки проследени со вртоглавица, се препорачува држење на топли облоги од сусамово масло.

Сусамот има репутација на силен афродизијак. Во земјите во кои се одгледува , на база на овој зачин се порготвуваат напитоци за потенција.

За нега на косата, спречување на појавата на првут и опаѓање на косата се употребува екстракт од семките на сусамот со кој се плакне косата после бањањето, а за оваанамена се употребуваат и листовите и коренот на оваа билка.

Следуваат неколку рецепти кои можете да ги подготвите од сусам за лечењето на здравствените тегоби.

Против мигрена

Две лажички масло од сусам помешајте со 10 капки етарско масло од бор и еукалиптус. Загрејте и добро промешајте, за да можат состојките да се растворат. Со ова масло натопете една крпа и превиткајте ја околу главата. Мирувајте 30-ина минути.

Против запек

Помешајте лажичка сомелени семки од тиква во прав со 3 лажички млако масло од сусам.Мешајте се додека состојките не се соединат. Консумирајте веднаш на празен стомак, максимално два пати на ден, бидејќи препаратот има силен лаксативен ефект.

Зајакнување на потенцијата

Измешајте семе на сусам и мак во исти количини, додадете помала количина на семе од коприва, кромид и морков, како и лажичка шеќер. Состојките сомелете ги до состојба на прав и измешајте ги. Растворете една лажичка од оваа смеса во чаша вино и полека пијте.

За крвните садови

Истолчете лажичка семе од сусам и прелијте го со чаша црно вино. Оставете го да отстои во текот на ноќта и наутро, процедете го со газа. Пијте во текот на целиот ден, во помали голтки.

Против хемороиди

Сомелете лажичка семе од сусам, додадете 2 лажички вода, и мешајте. Додадете лажичка путер и добро изматете. Намачкајте го овој намаз на парче препечен тост и изедето го. Ова помага во лечењето на хемороидите.

Изгореници

Сварете 2 лажички семе од сусам во чаша вода, оставете нека поврие неколку минути, па процедете. Кога ќе се олади, ставете од оваа течност на парче памук и поминете преку воспалените промени и изгореници на кожата повеќе пати дневно.

Респираторни инфекции и кашлање

Со чаша извриена вода прелијте една лажичка семе од сусам. Оставете ја смесата да врие 2 минути. Во чајот додадете лажичка ленено семе, пола лажичка сол и лажичка мед, добро измешајте ги состојките, поклопете. Кога ќе се олади, процедете, испијте неколку голтки пред спиење. Ефикасно во случај на болки на респираторните органи и хроничната кашлица.