Зошто е добро да се пие кравјо млеко?
Научните истражувања покажале дека оние кои консумираат повеќе млечни производи имаат помала телсна маса и помалку маснотии во организмот од оние кои ги јадат во помали количини. Се претпоставува дека млекото благодарение на високата содржина на протеини во себе го задоволува чувството на жед многу подобро од останатите напитоци, така што оние кои пијат млеко потоа јадат многу помалку од оние кои консумираат други напитоци.
Истовремено, во само една шолја млеко се наоѓаат 30% од дневните потреби на организмот од калциум, минерал кој ги гради и ги оддржува здрави и јаки коските и забите, a самиот калциум е есенцијален за формирање на коските кај децата и тинејџерите и е подеднакво важен при регенерација на коскеното ткиво, кое се губи со стареењето. Исто така, консумирањето на само една шолја млеко обезбедува 16% од дневната доза на протеини. Научниицте откриле дека витаминот Д е важен не само за правилна апсорпција на калциумот, туку и за подобрување на имунитетот, намалување на ризикот од појава на одделни видови канцер, дијабетес, мултиплекс склероза и подобрување на крвниот притисок. Млекото обезбедува речиси 43% од витаминот Д кој го внесуваме преку храната, правејќи го главен извор на истиот, а денес речиси сите млека на пазарот се збогатени со овој витамин.
Нутриционистите се почесто ја нагласуваат важноста од внесувањето на млеко во секојдневната исхрана, а дневната доза млеко која се консумира зависи исклучиво од возраста и начинот на живот. Кај децата од претшколска возраст како и кај адолесцентите им се препорачува да консумираат најмалку половина литар на ден, додека кај постарите лица таа количина е значително помала.