Тврдо варените јајца се одличен извор кога немаме време да готвење, бидејќи се хранливи, а од нив набрзина може да се направи оброк со салата. Тврдо варените јајца даваат добри масто односно оние мононезаситени и полинезаситени. Штом во организмот се внесуваат помалку заситени и трансмасти и ги менувате со мононезаситени и полинезаситени масти го стабилизирате нивото на холестеролот во крвта, па со тоа го намалувате ризикот од срцеви болести. Овие здрави масти исто така го регулираат инсулинот во крвта, кој го држи нивото на шеќерот во здрав распон. Тоа е посебно корисно ако имате дијабетес тип 2.

Протеини

Тврдо варените јајца се богати со протеини, кои се заслужни за градење на мускулната маса. Според насоките за исхрана кои ги пропишува американската здравствена организација, секојдневната исхрана треба да се состои од 10 – 35% протеини, односно 50 до 175 грама за некој кој консумира околу 2.000 калории. Едно големо тврдо варено јајце има повеќе од шест грама протеини.

Здравје на очите

Еден од главните витамини во јајцата е витаминот А, кој е заслужен за здравјето на мрежницата во окото, ја штити мембраната околу рожницата и го намалува ризикот од слепило. На жените дневно им се потребни 700 микрограми од витаминот А, а на мажите 900 микрограми. Едно големо тврдо варено јајце ќе ви обезбеди околу 75 микрограми витамин А.

Посилни коски

Освен витаминот А, во јјацата има и витамин Д, кој е важен за здравјето на коските. Витаминот Д всушност е хормон, а е задолжен за јакнење на коските, впивање на калциумот, здравиот имунитет, нормалното функционирање на нервите и штитната жлезда.

Калории

Едно големо варено јајце има околу 80 калории. Околу 60% се маснотии, а во најголем дел ги има во жолчката, така што лесно можете да се ослободите од тој дел ако сакате посебно да внимавате на исхраната.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина