Сигурно веќе знаете дека грозјето е еликсир на младоста, овошје која го крепи организмот и ја разгалува душата. Но, дали сте знаеле дека неговите семки се вистинска ризница од антиоксиданси исклучително ефикасни за зачувување на здравјето? Екстрактот од семки е за 20 пати посилен антиоксиданс од витаминот Ц и дури 50 пати помоќен од витаминот Е. Истражувањата покажале дека  концентрираните лековити соединенија во ова овошје постигнуваат подобро заштитно дејство кај клетките од комбинираното консумирање на витамините Е и Ц. Екстрактот во семките од грозјето ги шири крвните садови, спречува срцев инфарк, ги јакне капиарите, го намалува ризикот од појавата на проширени вени и настанок на артериосклеротски плакови, односно таложење масти на ѕидовите на крвните садови. Го намалува и ризикот од оштетување на очното ткиво, како и можноста за појава на макуларна дегенерација и катаракта во староста. Има и лаксативно дејство, па се препорачува кај подолги опстипации, односно запек.

Екстрактот значително им помага на оние кои се изложени на стрес и тешки физички напори при работење или при занимавање со спорт. Овој еликсир на здравјетоим се препорачува и на оние деца кои се изложени на физички напори или кои закрепнуваат од некоја болест. Истражувањата покажале дека состојките поантоцијаниди ги штитат здравите клетки од оштетувања кои можат да бидат предизвикани од одделни лекови, пушење или хемиотерапија. Другите состојки кои ги има во семките на грозјето ја спречуваат активноста на ензимите кои ги разоруваат колагенот, еластинот, хијалуронот и другите ткивни структури.  Всушност, со нивно посредство се забавуваат процесите на стареење и разградување на ткивата. За тоа зборува и примерот на едно германско истражување во кое биле опфатени пациенти со хронична венска инсуфициенција, односно нарушување на венскиот крвоток, болест на денешницата типична за развиените општества кои многу седат и стојат, а малку се движат.

По шест недели од земањето на екстрактот како терапија, била забележана намалена отеченост на нозете и болки кај болните, како и на нивното субјективно чувство на “оловни нозе”. Иако е исклучително ефикасен, екстрактот не им се препорачува на дијабетичарите, исто како и грозјето поради големата концентрација на шеќер во него. Висока вредност има и маслото од семки од грозје. Делува полезно на крвните садови, поради што се смета за лековито. Ја намалува можноста за слепување на крвните плочки, спречува настанок на висок крвен притисок, го зголемува добриот, а го намалува лошиот холестерол. Содржи завидни количини витамин Е и омега-6 киселини. Поради својот совршен мирис и вкус нутриционистите гопрепорачуваат за во салати, преливи и за готвени јадења. Освен во кулинарството, маслото од семки од грозје се препорачува и за масирање. Докажано го забавува стареењето на кожата, поседува регенеративни својства, а ја ублажува и појавата на стрии.

 

 

Земање на екстрактот

 

Екстрактот се зема во облик на таблети или капсули и се продава како диететски додаток во исхраната. Се внесува така што содржината на капсулата се раствора во 2 дл. вода, се промешува и се пие. Дневната доза е 1 до 2 капсули и не смее да се пречекори. Иако не се забележани контраиндикации ни по подолго консумирање, не е препорачлив за оние кои се чувствителни на неговите состојки, за мали деца, трудници и доилки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина