Стомачниот или ориентален танц станува се повеќе популарен. Во земјите од каде што потекнува, момчињата и девојчињата од најрана возраст ги имитираат возрасните и танцуваат  на најразлични социјални настани како на пример- свадби. И покрај фактот што стомачниот танц не е традиционална форма на танц во Македонија, постојат посебни училишта каде што можете да ја изучите уметноста на стомачен танц. Освен што е забавен,  стомачниот танц ќе го подобри вашето здравје, ќе го помогне вашето исправено држење и ќе ви помогне да го согорите вишокот калории.

 

stomacen tanc 1

Подобрете го здравјето и зајакнете ги мускулите

Стомачниот танц е одличен начин за одржување на здравјето. Танцувањето е извонредна кардио-васкуларна вежба, со која стануваме пофлексибилни и добиваме поголема физичка сила. Танцот со текот на времето го зајакнува мускулите на целото тело. На пример, при изведбата на стомачен танц ние треба ги користиме рацете, кои обично се во погорна позиција, што влијае на обликувањето на мускулите на рацете.

Време е да почнете да одите исправено

Уморни сте од тоа постојано да слушате како ви повторуваат да седите и да одите исправено? Правилното држење е многу важно не само за физичкиот изглед, но исто така, и поради здравствени причини. Стомачниот танц е идеален начин да ја исправите положбата на рбетот. Правилната положба на телото додека танцувате е она што секој инструктор по стомачен танц треба да им го истакне на своите ученици уште на почетокот. При стомачен танц,  правилна положба на телото е неопходна, бидејќи со тоа се намалува можноста од повреда и се подобрува ефикасностата на танцот.

Кажете им збогум на вишокот килограми

И самите сте свесни дека разните диети често знаат да бидат залудни. Еден од најдобрите начини за слабеење е стомачниот танц. Стомачниот танц овозможува губење и до 300 калории за еден час.Се разбира, интензитетот на слабеење зависи и од интензитетот на танцувањето. Но како и да е, со вежбање комбинирано со правилна и разновидна исхрана ќе изгубите повеќе килограми отколку што сте мислеле дека можете.

 

stomacen tanc naslovna

 

Кажете му збогум на стресот и танцувајте

Проблемите се последното нешто на кое што ќе мислите додека танцувате. Неопходно е да се фокусирате на вашите движења во текот на танцувањето. Секое движење бара поврзаност на умот со телото, при што нашето тело произведува серотонин (хормон на среќата) кој дејствува против стрес.
 Зголемете ја самодовербата

Стомачниот танц значително влијае на зголемувањето на самодовербата. Додека танцуваме, ние ги употребуваме сите делови од телото, при што ги зајакнуваме мускулите и го обликуваме телото. Нашето тело станува се поубаво, а тоа значително влијае на зголемување на нивото на самодоверба.

Пробудете ја женственоста

Стомачниот танц бара женствен начин на движење, и во нас се буди чувството на женственост. Играта со превез бара висок степен на женственост,  со помош на кој изразуваме елементи на нежност и грациозност. Докажано е дека жените кои умеат да танцуваат стомачен танц, со текот на времето стануваат многу поженствени отколку останатите припаднички на понежниот пол.

Проширете го кругот на пријатели и откријте го нивниот карактер

Време е да запознаете нови луѓе и да го проширите вашиот круг на пријатели. На часовите по стомачен танц ќе запознаете многу различни и интересни луѓе. Нивните потези во танцувањето ќе ви откријат многу за нив. Одлично е да бидете во можност да ги процените различните карактери врз основа на нивните танцувачки потези.

Намалување на симптомите на ПМС

Докажано е дека стомачниот танц позитивно влијае на ублажувањето на симптомите на ПМС. Благодарение на стомачниот танц- многу девојки имаат помалку болни менструации. Движењата и бранувањата во текот на танцувањето значително ја поттикнуваат циркулацијата во долниот дел на стомакот и карлицата, воспоставувајќи т.н. хармонална рамнотежа и намалување на симптомите на ПМС. Особено важно е улогата на правилното дишење при танцувањето, кое делува смирувачки на нашето тело за време на ПМС.

Бременост

Стомачниот танц има многу бенефиции во стадиумот на бременост. Со помош на стомачниот танц значително се опуштаат мускулите во карличната област, што им помага на жените да почувствуваат поголема подвижност во пределот на карлицата. Со самото тоа,  жените имаат поголема  самодоверба во текот на раѓањето, што доведува до поголемо опуштање на жените во тој момент. Стомачниот танц помага да се намалат болките во грбот за време на бременоста и породувањето.

Кажете и збогум на несоницата

По интензивното танцување, ќе бидете опуштени и подготвени за слатки соништа.

Тагови: разно