sipinki_1

Во овој период од годината, домашната аптека е незамислива без шипинки, калинкки или диви рози ((Rosae pseudofruktus). Шипинките се многу лековити и хранливи и содржат хранливо растително масло. Плодот се бере рачно, на крајот на септември и октомври, кога созрева, но и до првите денови од декември.

Се сушат на сонце или во сушари, на температура од околу 80 степени, после што стануваат тврди, збрчкани, сјајни и со темноцрвена боја. Шипинката има слатко-кисел вкус и нема мирис.

Семето на шипинката содржи околу 10 проценти растително масло, кое е богато со олеинска, линолна и линолеинска киселина. Шипинката е богата со витамин Ц и К, каротеноидите ликопен и Б-каротин, инвертен шеќер и сахароза, пектини, танини.

Благодарение на убавите состојки, се користи и како тоник, витамински пијалок против настинки и грип, како и благ диуретик и лаксатив. На нашите простори џемот и мармаладот од шипинки традиционално се подготвуваат, а она што е можеби помалку познато е дека витаминот Ц дури и до една година се задржува во овие слатки плодови .

Чајот подготвен од дивата ружа дејствува ефикасно против замор, исцрпеност и анемија, ја прочистува крвта, ја помага работата на органите за варење, го стимулира лачењето на урината без да ги иритира бубрезите. Го спречува создавањето на песок во бубрезите и го ублажува воспалението на уринарниот тракт.

sipinki_2

Маслото од оваа билка се користи во козметиката, претставува активна состојка во козметичките препарати против воспаление на кожата. Таа се користи и локално при лекување на егзема, акни и псоријаза, а се особено препорачува за нега на исклучително сува и зрела кожа. Истражувањата покажаа дека маслото од дива ружа масло благотворно дејствува врз клетките на епидермисот. Најчесто се додава на лосионите за тело, купките, шампоните, балсамите за усни, како и кремите за лице и раце.

За почеток на денот – Една лажичка исецкани, исушени плодови од шипинки прелијте ги со две шолји врела вода, и оставете да отстои половина час. Оставете да се излади, процедете, додадете по желба лажичка мед и испијте го пијалокот пред јадење. Овој напиток е совршен за утринското расонување и доброто расположение.

Посилен имунитет – Три лажици сецкани, исушени плодови од шипинка потопете ги во 0,5 литри ладна вода и оставете ги да отстојат три дена. Потоа варете половина час, оставете ја смесата да се излади, па процедете ја и и помешајте со иста количина на млеко, а по вкус засладете и со лажица мед. Испијте ја смесата пред спиење. Овој чај го зајакнува организмот и особено се препорачува кај повозрасните лица.

Сува кашлица и настинка – една супена лажица добро исецкани суви плодови од шипинка прелијте ги со 2 дл извриена вода, покријте и оставете да отстојат 15 минути. Процедете ја смесата, засладете со лажичка багремов мед и испијте ја пред јадење, три пати на ден. Важно е секогаш овој чај да биде свежо подготвен, никако не е препорачливо одново да се загрева.